Пријавени над 120 закани од ученици и содржини на социјалните мрежи, во болница примени четири деца со психички проблеми


Изминативе денови во Србија се пријавени повеќе од 120 инциденти поради закани од ученици, како и објавување несоодветни содржини на социјалните мрежи, а за само еден ден на одделот за детска невропсихијатрија во Белград биле примени четири деца, две сакале да се убијат, а две сакале да убијат некого, јави дописникот на МИА од Белград. […]

Лајчак: ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето


Во земјите од Југоисточна Европа поддршката за влез во ЕУ се намалува бидејќи жителите веруваат дека таа не сака да ги прифати, но има партнерски програми преку кои и овие земји можат да учествуваат во заеднички теми како што е „зелениот план“ и дигитализација, изјави Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ- и за Западен Балкан, […]

Радев на 15 мај на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада


Претседателот на Бугарија, Румен Радев следниот понеделник – на 15 мај, на партијата ГЕРБ ќе и го врачи првиот мандат за формирање влада. „Мандатот ќе го врачам следниот понеделник, на 15 мај. Верувам дека ова време ќе биде најдобро искористено и од Народното собрание и од партиите“, изјави денеска Радев. Неофицијалните очекувања беа дека шефот […]

Голем протест во Белград по двата масакри, граѓаните побараа оставки и укинување на „реалните шоуа“


  Десетици илјади луѓе се собраа во понеделникот во центарот на Белград и во неколку други градови на Србија на протестот „Србија против насилството“, реагирајќи на двете масовни убиства минатата недела во основно училиште во Белград и три села околу Младеновац. На протест повика проевропската опозиција, но беше наведено дека собирот не е партиски митинг […]

Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста три пати во трите денови на жалост


  Александар Вучиќ, претседателот на Србија за време на тридневната национална жалост, дури три пати успеа да и се обрати на јавноста. Еднаш од Претседателството на Србија, втор пат од Владата, трет пат од јавниот сервис. И ако првото обраќање имаше смисла, од шокот од пукањето во училиштето „Владислав Рибникар“, другите две беа сосема непотребни […]

Почина Кемал Дервиш, човекот што ја извлече Турција од најтешката финансиска криза и поранешен шеф на УНДП


Турскиот економист и политичар Кемал Дервиш, кој беше на чело на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), почина денеска на 74-годишна возраст, јавија турските медиуми. Според информациите, Дервиш се лекувал во Вашингтон. Тој повеќе од две децении работеше во Светска банка, а во 2001 година стана министер за економија во Турција, која се соочуваше […]

Казна од 200 евра за шетање по Будва во костим за капење


Будва – Казната за шетање по Будва во костим за капење е 200 евра и тоа важи за туристите и мештаните, одлучи Собранието на општина Будва, а одлуката е објавена во Службен весник. Според Одлуката за комунален ред, во просторот за капење можете да престојувате само во костим за капење. Казните се поригорозни во однос […]

Учениците во Србија почнуваат со настава, „Рибникар“ уште без настава


Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот […]

Временски непогоди во Словенија – поплави и град


Силно невреме го зафати источниот дел на Словенија, при што обилните врнежи од дожд доведоа до излевање на реките, додека во некои области падна и град. Како што пишува порталот 24ур, невремето би можело да предизвика непогоди и во Прекмурје и Долењско и Посавје, додека западот од Словенија ќе остане претежно сув. Како што соопшти […]

По масовните убиства во Србија, се отстранува муралот на Младиќ во Белград


  Неколку белграѓани се собраа околу муралот на воениот злосторник Ратко Младиќ на Врачар на улицата „Његошева“ со намера да го исчистат тој дел од Белград со отстранување на овој мурал од ѕидот, бидејќи сметаат дека на на овој мурал местото не му е таму. Потсетуваме дека на тоа место имаше организирани протести, активисти неколку […]

Мицотакис најави три нови економски мерки доколку Нова демократија добие втор мандат


Ваучер од 150 евра за културни и туристички активности за 18-годишните; намалување на данокот на сопственост на имот доколку се осигура домот од елементарни непогоди и зголемување на детскиот додаток, се трите мерки што ги најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, доколку на изборите на 21 мај добие втор мандат, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Србија: Министерот за образование, кој ги обвини западните вредности за трагедијата, поднесе оставка


  На третиот ден од националната жалост во Србија, министерот за образование, Бранко Ружиќ,, поднесе оставка. Тој беше под силен притисок на јавноста по трагедијата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, каде еден 14-годишник уби осум свои врсници и училишниот чувар. Ружиќ, кадар на Социјалистичката партија, веднаш по трагедијата, за настаните ги обвини „западните вредности“, […]

Опозицијата во Турција организираше предизборен митинг со милион луѓе


  Речиси милион луѓе, млади и стари, го исполнија до крај најголемиот парк Орхангази во Малтепе на азискиот брег на Истанбул за изборниот митинг на опозициската Национална алијанса, што се одржа под наслов „Големата средба со народот“. Паркот беше како море од развиорени црвени знамиња и постери со ликот на Ататурк. Извиците „Право“, „Сакаме вистинска […]

Полицијата приведе девојче кое на ТикТок се потсмеваше со жртвите од пукањето, во Нови Сад приведени тројца малолетници


Девојчето кое се потсмеваше со жртвите од масакрот што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар на ТикТок е приведено во полиција на информативен разговор, јави дописникот на МИА од Белград. – Се работи за малолетничка. Со неа е извршен информативен разговор. Против родителите ќе биде поднесена соодветна пријава, но за тоа одлучува обвинителот, […]

Денови на жалост во Србија: Денеска ќе бидат погребани четворица ученици и чуварот и пет жртви од престрелката во Младеновац


На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и чуварот, кои загинаа во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“, а во Мало Орашје ќе бидат погребани пет лица кои загинаа во престрелката кај Младеновац, јави дописиникот на МИА од Белград. На Новите гробишта во Белград ќе биде погребан М.К. во 11.30 часот, како и М.А. […]

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш


Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран денеска во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари. Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри. Засега […]

Српската влада ги усвои мерките што ги најави претседателот Вучиќ по масовните убиства во Младеновац


Српската влада ги усвои мерките што денеска ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кои беа предложени по злосторството во Младеновац. Во соопштението до јавноста од срспката Влада се наведува дека Министерството за внатрешни работи итно ќе подготви измени на Законот за оружје и муниција со кои би се заостриле условите за чување и […]

Првиот час во училиштата во Црна Гора денеска беше посветен на проблемите со врсничкото насилство


Во сите основни и средни училишта во Црна Гора денеска првиот час беше посветен на превенција од насилство во училиштата. Министерот за образование Миомир Воиновиќ рече дека во првиот час ќе се афирмираат вредности како љубовта, соработката и заедништвото. Воиновиќ на прес-конференција рече дека директорите ќе бидат максимално посветени на ова и дека ќе се […]

(Фото) Ова се жртвите на масовниот убиец од Младеновац


  Урош Б.(21) синоќа во близина на Младеновац кај Белград уби осум и рани уште најмалку осум лица. Во престрелката што се случила околу 23 часот загинал полицаецот М.П. (22) и неговата сестра К.П. (19) и Д.Т.(25). На друго место застрелани се  М.М. (18), Н.С. (21), Л.М. (20), Н.М. (15) и А.М. (18). Полицаецот и […]

Вучиќ најави дека ќе ја разоружува Србија по вториот масакр (видео)


  По второто мсовно убиство во Србија на јавноста ѝ се обрати претседателот Александар Вучиќ.  „По втор пат во последните 48 часа морам да зборувам, иако секој збор е тежок, а во исто време излишен и недоволен. Заедно со членовите на семејството и обезбедувањето во Белград, сакам да изразам сочувство во мое име и членовите […]