Борисов ѝ направи „мечкина услуга“ на Габриел


  Само два часа по веста дека Борисов ја предложил еврокомесарката Марија Габриел за кандидат за премиер неколку колеги (новинари) спонтано реагираа и тоа што го кажаа не беше особено ласкаво. Моите колеги не ја знаат сложеноста на бугарскиот политички живот и веруваат дека веднаш штом ќе биде номинирана за премиер, Габриел ќе биде избрана […]

Со „Сино знаме“ наградени 617 плажи во Грција


„Сините знамиња“ знак на одличен квалитет, оваа година ќе се веат на 617 грчки плажи, 36 повеќе од лани, на 18 марини и шест туристички јахти, кои добија награда за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите и ја задржаа Грција на втората позиција меѓу 52 земји од […]

Во Албанија за безбедноста на локалните избори ангажирани 5.500 полициски службеници


За локалните избори, што во Албанија ќе се одржат в недела на 14 мај, ќе бидат ангажирани 5.500 полициски службеници, објави Министерството за внатрешни работи. – Државната полиција ќе ангажира 5.500 службеници за да се гарантира безбедност и непречено одвивање на изборите на 14 мај. Во изминатите три месеци, околу 7.000 вработени поминаа соодветната обука […]

Еврокомесараката Габриел зела неплатено отстуство за да прави влада во Бугарија


  Марија Габриел, која служи како комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади во Европската комисија, зела неплатено отсуство од работата во Брисел за да се обиде да формира влада во Бугарија, откако шефот на нејзината партија ГЕРБ, Бојко Борисов, ја предложи за таа улога. Портпаролот на Европската комисија рече дека таа засега останува […]

Србија да се „рестартира“, забрана за Фејсбук, Инстаграм, ТикТок и Твитер?


Српската министерка за здравство, Даница Грујичиќ предложи укинување на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Тикток на одреден период. Таа го даде овој предлог по двата маскари, во белградското училиште и кај Младеновац. „Можеби е неопходно да се прекинат Facebook, Instagram, Tiktok и Twitter на еден месец. Еден месец „рестарт“, нека се вратат на некои нормални акции. […]

Протест на медицински сестри и немедицински персонал во Загреб


 Синдикатите на хрватските медицински сестри и немедицинскиот персонал денеска во 11 часот организираат протест во Загреб на кој уште еднаш ќе ги истакнат барањата за зголемување на коефициентот на плата за најмалку десет проценти и подобрување на условите за работа. На протестот под слоганот „И ние сме здравство“ најавени се меѓу 500 и 1.000 учесници, […]

Годишната инфлација во Грција намалена на три отсто


Годишната инфлација во Грција во април дополнително се намалила и изнесува три отсто од 4,6 проценти еден месец претходно, меѓутоа инфлацијата на храната и прехранбените производи останува висока, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика, минатиот месец за 11,4 отсто се зголемиле цените на прехранбените производи во споредба […]

Може ли Курдите да му пресудат на Ердоган на избори: Ќе гласаме затоа што власта мора да се смени


Претседателските избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, а борбата меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу би можеле значително да ја одредат курдските гласачи во оваа земја. Во Турција има од 15 до 20 милиони регистрирани гласачи кои се идентификуваат како Курди, а многу од нив се незадоволни […]

Грција во исчекување на клучната дебата на лидерите пред изборите


  Водачите на главните грчки политички партии ќе одржат телевизиска дебата денеска (10 мај) пред националните избори на 21 мај, кои, во оваа фаза, најверојатно нема да произведат влада. Во првиот круг од изборите ќе се применува пропорционален систем, а неколку аналитичари инсистираат дека само коалиција на партии ќе може да формира влада. Доколку првата […]

Еди Рама го поддржа Ердоган пред неделните избори во Турција


  Албанскиот премиер Еди Рама изрази силна поддршка за актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, само неколку дена пред турските граѓани да гласаат на претседателските избори. Интервенцијата на Рама укажува на геополитичките баланси во регионот, при што соседна Грција внимателно ги следи случувањата во светлината на нејзините отворени прашања со Анкара. Ердоган е на власт […]

Конзервативните жени се клучот за изборите во Турција


  ИСТАНБУЛ – Како популарната сапуница наречена „Шербет од брусница“ одеднаш стана една од најжестоките точки за дискусија пред клучните избори во Турција во недела? Сето тоа е поврзано со ликот наречен Нурсема, а нејзината шокантна судбина ги турка гледачите да постават незгодно прашање: За кого би гласала? Одговорите не се утешни за претседателот Реџеп […]

Судир на авион и автомобил во Загреб


На аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб се случи несреќа. Авионот SAAB 340 на Fleet Air International вечерта слетал на пистата 04 и продолжил да се движи кон паркингот, но му откажале сопирачките и удрил во т.н. возило „следи ме“, пишува денеска порталот АвиоРадар. Несреќата се случила во понеделникот вечерта, а авионот застанал пред карго терминалот […]

Уапсен таткото на убиецот од Младеновац, имал арсенал нелегално оружје


Полицијата го уапси Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, убиец од околината на Младеновац. Нему му е одреден притвор од 48 часа, јавуваат српските медиуми. На Р.Б му е одреден притвор до 48 часа, соопштија Блиц и Танјуг. Блиц наведува дека тој е уапсен во соработка со ВЈТ во Смедерево, ВЈТ во Белград и Управата […]

Почина петмесечно бебе во Грција откако таткото го заборавил во автомобилот


За убиство од небрежност се товари 37-годишен маж од грчкиот град Арта, откако повеќе од пет часа го заборавил неговото пет и пол месечно бебе во автомобилот и било пронајдено мртво, јави дописничката на МИА од Атина.   Грчките медиуми повикувајќи се на полициски извори објавија дека таткото требало да го однесе новороденчето во градинка, […]

Една недела по масакрот, учениците се враќаат во „Рибникар“


Една недела по невидената трагедија што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, учениците денеска треба да се вратат во училниците. Предлогот на струката е децата да се вратат на училиште, но има простор родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се подготвени […]

Речиси два милиони турски граѓани гласаа во дипломатските претставништва во странство за изборите на 14 мај


 Синоќа заврши гласањето на турските гласачи во дипломатските претставништва на Турција за претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат во недела на 14 мај. Гласањето во странство започна на 27 април. Гласачки места беа отворени во вкупно 73 земји во светот. Според Високата изборна комисија, во турските дипломатски претставништва во странство гласале 1.751.365 луѓе, […]

Од 2007 година досега Романија од ЕУ добила 56 милијарди евра


Нето износот што Романија го доби од Европската унија од моментот на нејзиното пристапување досега изнесува 56 милијарди евра, соопшти Министерството за инвестиции и европски проекти. Од таа сума, Европските структурни и инвестициски фондови (ЕСИФ) и Фондот за европска помош за најсиромашните лица (ЕФДФ) обезбедиле 44,6 милијарди евра: 16,9 милијарди евра биле исплати за програмскиот […]

Ердоган најави зголемување на платите на државните службеници за 45 отсто


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот најави зголемување на платите за 45 отсто за 700.000 вработени во јавниот сектор, со што минималната месечна плата за државните службеници се зголеми на 15.000 турски лири или 768 долари. – Во рамките на овој колективен договор ги зголемуваме платите за 45 отсто, вклучувајќи го и учеството на […]

Борисов ќе ја предложи за премиер еврокомесарката Марија Габриел


  Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, полека ја презема целата иницијатива во расплеткувањето на комплицираната политичка ситуација во Бугарија по изборите во април со тоа што ќе достави предлог за премиер кој ќе има малку опоненти. Бугарските медиуми пишуваат дека се очекува тоа да биде Марија Габриел, сегашна еврокомесарка за иновации, истражување, култура, образование и […]

Во Србија за еден ден предадени 1.400 парчиња оружје, 45.000 парчиња муниција и 1.000 парчиња минско-експлозивни направи


Започна разоружувањето на Србија, а според последните податоци од Службата за сузбивање на криминалот на МВР за еден ден се предадени околу 1.400 парчиња оружје, околу 45.000 парчиња муниција и околу 100 парчиња минско-експлозивни направи, јави дописникот на МИА од Белград. Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминалот на МВР прецизираше дека се […]