Албанија ја посетиле околу 3,4 милиони странски туристи


Тирана – Албанија бележи висок прилив на странски туристи во периодот јануари-јуни оваа година, со раст од 33 отсто, споредено со истиот период минатата година. Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, денеска на социјалните мрежи ги сподели податоците за периодот јануари-јуни 2022 и 2023 година. -Ви посакувам успешна недела со добри вести: официјалните […]

Сто мигранти чекаат да бидат спасени од карпест брег на Пелопонез


Од доцна синоќа во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за спасување на бегалци и мигранти во близина на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за група од околу 100 лица, кои се наоѓаат на карпестиот брег каде што пристигнале од едрилица.

Косовската криза меѓу европскиот план и седницата на Советот за безбедност на ОН


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека кога е во прашање ситуацијата на северот на Косово, потребно е единство, фокусирање на деескалација и изнаоѓање остварливи решенија. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар вели дека европскиот план за решавање на косовското прашање е добар и не […]

Балкан веб: Грција ја условува Албанија на европскиот пат со ослободувањето на Белери


Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис го услови патот на Албанија кон ЕУ со ослободувањето на Фреди Белери, додавајќи дека Албанија мора да го почитува владеењето на правото ако навистина сака да стане дел од европското семејство, јави албанската агенција Балкан веб. Според него Грција останува посветена на развојот, безбедноста и просперитетот на Западен […]

Во Албанија се удавија татко и два сина


Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја. Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето. Поморските служби веднаш интервенирале за […]

Косово може да загуби 500 милиони евра од санкциите од ЕУ, штети и по правниот систем


Околу 500 милиони евра се претпоставува дека ќе загуби Косово од мерките кои ги презеде меѓународната заедница, поради одбивањето на Владата на Албин Курти да ги исполни барањата на меѓународните партнери за смирување на состојбите во северно Косово, пишува денеска приштинскиот портал „Економиа онлајн“. Предвидувањата на експертите се дека покрај штетите на економијата, и правниот […]

Милатовиќ за „Политика“: Доколку Отворен Балкан не се коси со Берлинскиот процес, може да биде користен


Доколку Отворен Балкан не се коси со принципите на Берлинскиот процес, може да биде користен како нова вредност за зајакнување на економската соработка во регионот, изјави за Политика црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во пресрет на дводневната посета на Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Тој одговарајќи на прашање во интервјуто на денешна Политика за […]

За пет години во државните универзитети во Албанија 22,3 илјади студенти помалку


Секоја година се помалку студенти има во државните универзитети во Албанија, што го потврдуваат и податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, според кого, во однос на 2018 година, бројот е намален за 19,7 отсто, или за околу 22,3 илјади студенти. -Постепеното стареење на населението кое ја намали младата возрасна група, заедно со иселувањето на […]

Мераците на Сараево со „дочекуша, муабет кафe и сиктеруша“


За Сараево, раскрсницата на културите, напишани се песни и романи. Неговиот шарм е тешко да се опише, исто како и зборовите што го карактеризираат – ќејф, мерак… Но кој и да го доживеал ова, меѓу отворените срца на градот на реката Миљацка, секогаш сака да се врати. Уживањето, меракот, малите задоволства кои ве прават среќни, […]

За безбедноста на туристите се грижат над 1.700 албански полициски службеници


За да се гарантира безбедноста и спокојството на туристите за време на туристичката сезона, на крајбрежјето и други туристички места, ангажирани се над 1.700 полициски службеници, соопшти албанската државна полиција. – Над 1.700 полициски службеници и припадници на полициската единица за морска пловидба, добро опремени и обучени, од почетокот на овој месец ангажирани се да […]

Огромен пожар избувна во аква парк: Имаше експлозија во кујната? (видео)


 Голем пожар избувна во термалниот парк AquaLuna во словенечкиот град Подчетртек, недалеку од границата со Хрватска. Како што објави читател за порталот 24сата.хр, на терен има десетици противпожарни возила, а се шпекулира дека дошло до експлозија во кујната. Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, пожарот речиси целосно зафатил една […]

Локализиран шумскиот пожар кај Света Гора


Противпожарната служба на Грција го локализираше пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во непрооден дел, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.  Според противпожарната служба, во гаснењето учествуваат 45 пожарникари со 11 возила и четири пешадиски тима, а повремено интервенираат четири авиони и два […]

Весиќ бара од организаторите на блокадите „Србија против насилството“ да платат штета нa железницата


 Министерот за транспорт и градежништво, Горан Весиќ, денеска соопшти дека им наредил на железничките компании да извршат проценка на штетите поради блокадите на протестите Србија против насилството и да ја испратат во вид на обештетување до официјалните организатори на блокадите, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на новата социјална мрежа Тредс објави дека поради […]

Дубровник форум: Хрватска ќе ѝ помогне на Украина


Хрватска може да и помогне на Украина на „повеќе начини“, а посебно во области за кои имаме „несреќно искуство“ од Татковинската војна, а тоа се деминирање и прашањето за одговорност за воени злосторства, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на 16. Дубровник форум 2023. – Планираме да го завршиме процесот на деминирање до 2026 година. Значи, […]

Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија


Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека Русинот е уапсен и му е одредена мерка притвор. – Полицијата за време на патролирањето (во село […]

Ердоган со целосна поддршка за Украина


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на синоќешната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази целосна поддршка за Киев. Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори. Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на Договорот за извоз на жито […]

Шумски пожар во близина на манастир во Света гора


Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.  Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, […]

Западните земји ја разгледуваат можноста Шмит да го смени Додик


Првпат водечките западни земји сериозно почнаа да развиваат сценарија за тоа како може да изгледа Република Српска без Милорад Додик, што е јасен знак за поддршка на високиот претставник Кристијан Шмит да го отстрани Додик од функцијата претседател на РС и да му забрани политичка активност. Шмит ја има целосната поддршка од Западот да го […]

Вучиќ-Рама: Стекнавме навика отворено да зборуваме, некогаш се согласуваме, а некогаш не


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама вечерва по средбата во Белград изјавија дека двајцата по повеќе децении во односите меѓу Србија и Албанија почнале да го менуваат лошото политичко наследство, дека разговарале за Берлинскиот процес, за Отворен Балкан, и за „нивните неретко различни погледи за ситуацијата на Косово“ избегнувајќи да […]

Милатовиќ пред посетата на Белград: Најважниот сегмент е целосна нормализација на односите


Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека фокусот на неговата претстојна посета на Белград, на 9 и 10 јули, ќе биде целосното нормализирање на односите со Србија како важен економски партнер, пренесоа подгоричките медиуми. Во изјава за РТЦГ, Милатовиќ потсети дека ќе се сретне со српскиот претседател, Александар Вучиќ и најави дека ќе го покани […]