Пронајдени исчезнатите млади ракометари од Бурунди, биле во Белгија


Десетте млади ракометари од Бурунди, кои исчезнаа во Риека, најдени се во Белгија, јавија хрватските медиуми. 

Имено, полицијата на 9 август доби дојава за исчезнување на десет млади момчиња (родени 2006 година) кои го напуштиле студентскиот центар во Риека, каде престојувале за време на Светското кадетско првенство во ракомет што се одржувало во Риека.

Тие се пронајдени во Белгија

Од страна на полициски службеници преземени се повеќе мерки и дејствија со цел пронаоѓање на лицата и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.

Преземајќи мерки и дејствија, Граничната управа добила известување од белгиската миграциска служба дека десет малолетници без придружба во Белгија побарале азил.

Досега е утврдено и дека двајца од десет граѓани на Бурунди се членови на ракометната репрезентација на Бурунди.

Полицијата ја продолжува интензивната соработка со миграциската служба на Белгија со цел да се утврди идентитетот на останатите бурундиски државјани од таа група, со оглед на тоа што постои видлива случајност и постои голема можност останатите бурундиски државјани да се истите играчи кои доброволно илегално ја напуштиле Хрватска, за да поднесат барање за азил со секундарна миграција во Белгија, извести полицијата.