Двајца Срби уапсени во Грција – на плажа силувале малолетничка


Двајца Срби на возраст од 18 и 21 година се уапсени вчера попладне на грчкиот остров Лефкада под сомнение дека силувале малолетничка (14).

Утрото во понеделникот, 28 август, до локалната полиција била поднесена пријава, според која двајца млади момчиња во петокот на 25 август вечерта на плажа принудиле 14-годишна девојка од островот да има секс на плажа, пишува ЕРТ.

Малолетничката, наводно, претходно истиот ден се сретнала со Србите, заедно отишле на плажа, а таму ја тепале и силувале.

Во рамки на прелиминарната истрага, сторителите се идентификувани, наредено е вештачење, а истражниот материјал веднаш е доставен до надлежното Окружно обвинителство, јавуваат грчките медиуми.

Случајот е препратен до истражител, од каде се распишани потерници. Уапсените се донесени во надлежното обвинителство и пуштени да се бранат од слобода. Нивниот адвокат вели дека тврдат дека сексуалниот чин се случил, но со „согласност на малолетната жртва“.