Сопственикот на станот во Смедерево активирал бомба по кавга за кирија


Експлозијата што се случи синоќа во центарот на Смедерево се случила откако била активирана бомба на третиот кат од зграда во улица „Слобода“.

Експлозивот го активирал сопственикот на станот на третиот кат по кратка дискусија со станарите на кои го издавал тој стан. Наводно, причина за кавгата била неплатена кирија.

Сопственикот на станот се обидел да влезе во станот, но станарите не му дозволиле. После тоа се обидел да постави бомба во станот. Тој се разнел, додека две лица се повредени.

Во експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во зграда на улица „Слобода“ во центарот на Смедерево, едно лице загина, а уште две се повредени. Експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата, која е уништена како и двата ката подолу. Според станарите, сите 25 стана во зградата претрпеле голема материјална штета. Околу зградата и во околните улици има парчиња мебел, столарија и стакло.

Звукот на детонацијата се слушал и во далечните делови на градот. Некои корисници на социјалните мрежи тврдат дека експлозијата наводно се слушнала „неколку километри подалеку“.

Позната состојбата на жртвите

По страшната трагедија во Смедерево, д-р Жељко Смиљаниќ, помошник директор на Општата болница во Смедерево, соопшти дека повредените брат и сестра веднаш по несреќата биле згрижени, а мажот потоа бил пренесен во Ургентниот центар во Белград.
 
„Дваесет и петгодишен маж има повеќе шрапнели повреди по телото, има шрапнели по целото тело, од главата, градите, стомакот и екстремитетите. По првичната дијагноза, направивме операција и му извадивме неколку шрапнели од предната страна на абдоминалниот ѕид. За среќа нема повреди на внатрешни органи, немал внатрешно крварење и не му е во опасност животот. Сепак има повреда на двете очи, а на едното најверојатно трајно ќе го загуби видот“, вели д-р Смиљаниќ за Курир, прашувајќи се дали колегите во Белград ќе успеат да му го спасат видот.
 
Според д-р Смиљаниќ, младиот човек цело време бил свесен и комуникативен.
 
„Беше во состојба на шок, но знаеше да ги каже сите информации за себе“, вели д-р Смиљаниќ.
 
22-годишна девојка има повеќе исеченици по телото.
 
„Поставена е првична дијагноза и нема знаци на оштетување на виталните органи, таа е во стабилна општа состојба и надвор од животна опасност. Има расекотини по главата и рацете, насекаде. Немаше потреба од никаква хируршка интервенција“, вели д-р Смиљаниќ.