Бугарскиот парламент ќе одредува и што е интимна врска – двајца да се заедно повеќе од 60 дена


  По инцидентот во Стара Загора, кога на една 18-годишна девојка ѝ беа нанесени повреди на лицето со нож-играчка од нејзиното момче, бугарскиот парламент на итно заседание бара решение како законски да се спречи или намали домашното насилство. Тоа се случува и откако имаше протести во Софија и други бугарки градови против насилството врз жените. […]

Во Словенија пронајден удавен маж во септичка јама


Поплавите во Словенија по силното невреме кое во четвртокот ја погоди земјата однесоа уште еден човечки живот. Безживотно тело на маж било пронајдено вчерa вечера во областа Мост во општината Коменда, јавуваат словенечките медиуми. Според словенечката радиотелевизија ова е четврта жртва како последица на силните поплави што ја зафатија земјата. Како што се наведува, во […]

За десет години околу 537.000 албански граѓани добиле дозвола за престој во земјите на ЕУ


Тирана – Во текот на 2022 година, албанските граѓани добиле најголем број дозволи за престој, во последните десет години, во земјите на Европска Унија, јави Топ чанел. Повикувајќи се на најновиот извештај на Европската агенција за статистика, ЕУРОСТАТ, минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој им биле доделени на 73.858 албански граѓани. Овој […]

Засега ставен под контрола големиот пожар на Кипар


Атина – Големиот пожар што вчера избувна во близина на Лимасол во јужниот дел на Кипар и превентивно беа евакуирани неколку села, рано утрово е ставен под контрола, а земјата побара помош, како од соседните држави, така и преку ЕУ механизмот за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.  Портпаролот на Противпожарната служба на […]

Мура и Сава соборија рекорди


Реката Сава во Хрватска, синоќа го  собори рекордот на нивото на водата, по неколкудневните невремиња со силен дожд и поплавниот бран кој стигна од Словенија. Нивото на водата утрово запре на 878 сантиметри, а последните две мерења стагнираа. Мурата во Мурски Средишќ утринава го собори и рекордот од 2010 година со водостој од 543 сантиметри, […]

Од денеска засилени контроли на патиштата во Србија


Белград – Сообраќајната полиција во Србија од денеска 7 август до понеделник 14 август ќе ја засили сообраќајната контрола на патиштата, јавија српските медиуми. Таа акција ќе биде насочена кон контрола на брзината на движење на возилата. За време на акцијата што се спроведува истовремено во 30 европски земји членки на организацијата ROADPOL (мрежа на сообраќајната […]

Бугарскиот премиер денеска ќе одговара на прашања на Фејсбук


Софија – Бугарскиот премиер Николај Денков денеска на Фејсбук од 10:30 до 11:30 часот (по локално време) ќе одговара на прашања на граѓаните и медиумите. Причината е – два месеца од стапувањето на функција премиер, соопшти владината прес-служба, јави БТА. Прашања до Денков може да се постават и за време на директниот пренос и однапред да […]

Хрватска воведе вонредна состојба, Цивилната заштита е на готовс


Водниот бран од реките Сава и Мура, кој започна во Словенија, се прошири и во Хрватска. Цивилната заштита на Хрватска прати упатства до граѓаните за постапување. Денеска во 12 часот вонредна состојба беше објавена поради покачување на водот на 923 сантиметри кај водомерот во Ругвица, со најава за уште поголемо зголемување, информира Управата за цивилна […]

Тешка несреќа во Албанија: Семејство со три деца излетало од патот, сите се повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава кај Љеш во Албанија, а повредени се пет членови на семејството кои се наоѓале во автомобил со српски регистарски таблички, јавува албанската ABC. Несреќата се случила во раните утрински часови. Како што дознава белградски „Блиц“, семејството било на одмор во Албанија. Нивниот автомобил удрил во насипот што ги дели […]

Се влошува ситуацијата во Словенија


Љубљана – Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи. Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се вложува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот. – Инженерските служби се обидуваат да […]

„Србија против насилството“ во Белград со блокада на мостот Газела по 14 пат


Во Белград се одржа четиринаесеттиот протест „Србија против насилството“, со блокада на центарот на Белград и на автопатот на мостот Газела, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на сообраќајот по централните белградски улици и покрај силниот дожд се шетаа до автопатот […]

Невреме со град во Белград – искршени прозорци, турнати дрвја


Силно невреме пристигна и во Србија. Први на удар беа делови од Западна Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека денеска во Србија ќе има значителна промена на времето, а во вториот дел од денот ќе има и невреме пропратено со обилни врнежи од дожд, град и ветер. Црвен метеоаларм е вклучен во пет региони […]

Четврта жртва на невремето во Словенија: Тело на маж пронајдено на брегот на Сава


 Безживотно тело на маж е пронајдено денеска на неколку стотини метри од куќата во која живеел на брегот на Сава во Томачево, недалеку од Љубљана. Според првичните информации, се претпоставува дека мажот загинал во поплавата, јавија локалните медиуми. Полицијата изврши увид и продолжува со собирање информации за сите околности на несреќата, јавува РТВ Словенија. Словенечките […]

Словенечкиот премиер: Ова е најтешката катастрофа во историјата на Словенија


Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека невремето што ја погоди земјата еден ден претходно, најголемата природна катастрофа во историјата на Словенија, погоди две третини од земјата и дека штетата најверојатно ќе надмине 500 милиони евра, пренесува СТА. Напорите да се врати животот во нормала ќе бидат големи, изјави Голоб по состанокот на Советот за национална […]

Бугарин уапсен во Кавала, од пристаништето го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме


Во градот Кавала бил уапсен 35-годишен странски државјанин кој на јужната страна од пристаништето, го симнал грчкото знаме од јарболот, го фрлил и подигнал знаме на друга држава, соопштија од Крајбрежната служба на Грција, додека пак според медиумите станува збор за Бугарин, кој грчкото, го заменил со бугарско знаме, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Ердоган оди на пат околу светот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира втора турнеја низ земјите од Персискиот залив во август, а може да ја посети Германија во септември. Ова го објави Си-Ен-Ен Турк во саботата наутро, повикувајќи се на извори. Ердоган претходно ги посети Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. За време на турнејата беа потпишани голем број договори […]

Грција се подготвува за невремето „Петар“, граѓаните во три региони се предупредени


Порака од бројот 112 за итни случаи со предупредување за силно невреме, претпладнево добија сите оние кои се наоѓаат во грчките области Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови, поради невремето „Петар“ што денеска се очекува да го зафати западниот и северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  Поради невремето што ќе донесе обилни […]

Запален манастир кај Горњи Милановац: Калуѓерки молат за помош


Во раните утрински часови голем пожар избувна во манастирот Враќевшница кај Горњи Милановац. Екипи од пожарникари и спасувачи веднаш по пријавата се испратени на терен и се обидуваат да го локализираат пламенот. „Густ чад ја покри целата населба. Како што слушнавме, пожарот избувнал во гостилницата, а потоа ја зафатил капелата“, изјави за РИНУ еден од […]

Едно лице загина, а 17 се повредени во престрелка во ресторан во центарот на Приштина


 Едно лице загина, а 17 се повредени во пукотница што се случила нешто пред полноќ во барот „Бон Вивант“ во Приштина. Како што потврдија од косовската полиција, се работи за лица на возраст од 20 до 40 години. Портпаролот на Регионалната полиција на Приштина, Агрон Боровци, за медиумите изјави дека околу 23 часот и 30 […]

Црвено предупредување за Риека и Госпиќ, најавен град и силен ветер


Хрватскиот хидрометеоролошки завод доцна синоќа издаде црвено предупредување за Риека и Госпиќ. Портокалово е за Карловац, Загреб и Сплит, а жолто за Осиек, Кварнер и Далмација. Најавен е град и силен ветер. Сите оперативни сили и учесници во системот за цивилна заштита се во состојба на готовност. Силно невреме со обилни врнежи од дожд веќе […]