По дојава за бомба се евакуира судот во Крушевац


Во тек е итна евакуација на судот во Крушевац, откако било пријавено дека во една од судниците има поставено бомба, јавија српските медиуми. Повикот е добиен од непознато лице, а тоа рекло дека во зградата е поставена бомба. Во тек е евакуација од судската палата во Крушевац поради дојава за поставена бомба. Дојава има и […]

Бугарија: По скандалот Вежди Рашидов си оди и од собранието и од политиката


  Познатото лице на бугарската политика, Вежди Рашидов, разбра колку последици можат да имаат невнимателно искажани зборови. Тој денеска објави дека поднесува оставка како пратеник на ГЕРБ и ја напушта политиката поради зборовите за „курвите“ во понеделникот. „Има закони и сега. Зошто си ги чешаме јазиците? Сите курви се разбудиле за да се сетат дека […]

Полициска опсада низ цела Грција, се апсат Хрвати на сите граници и пристаништа


  Сите 94 уапсени лица кои вчера беа приведени од грчката полиција, по навивачките немири во пресрет на натпреварот од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, ќе бидат изведени пред обвинител. Уште пет Хрвати, кои наводно учествувале во групата што ги предизвикала крвавите инциденти во Неа Филаделфија во Атина, вчера […]

Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици


Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала […]

Банките во Хрватска не можат веќе да наплатуваат провизија за предвремено отплатени кредити


Уставниот суд на Хрватска пресуди дека т.н излезни такси за предвремена отплата на банкарски кредити се незаконски. Имено, банките во договорот за заем имаат одредба дека заемопримачот може целосно или делумно да го отплати кредитот пред крајниот рок и дека е должен да плати провизија за предвремена отплата на кредитот. Висината на надоместокот беше утврдена […]

Вработена во хотел си ја побарала последната плата пред да даде отказ – сопственикот ја нападнал


Бројни здруженија од Мостар, Коњиќ, Јабланица и Сараево за денеска во 18 часот најавија масовни протести во Јабланица. Протестите се одржуваат во знак на поддршка за Ениса Клепо, вработена во хотелот „Јабланица“ која беше физички нападната од сопственикот на хотелот Амир Џафиќ, но и во знак на поддршка за сите жени кои се жртви на […]

Вјоса Османи бара од Гугл да го признае Косово


Пред речиси еден месец беше покрената онлајн петиција со која се бара од компанијата Гугл да го признае Косово на своите платформи. Иницијативата на корисниците од албанска националност ја поддржа и косовската претседателка Вјоса Османи. – Драго ми е што се приклучив на иницијативата на „dua.com“, која го повикува Гугл да го вклучи Косово во […]

Вучиќ: „Виновен сум што не ја признав независноста на Косово, горд сум на таа вина“


 – Видов дека пратениците потпишаа писмо во кое ме нападнаа затоа што им помагав на луѓето во Република Српска – изјави за време на своето обраќање попладнево српскиот претседател Алексанар Вучиќ. – Како што Господ знае што правам со Србите во Црна Гора, има медиуми во Србија кои сакаат да претстават дека јас сум виновен […]

Сменети седуммина одговорни во грчката полиција заради пропуштањето на хрватските хулигани


Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече […]

Фон дер Лајен утре ќе отпатува во Словенија за да изрази солидарност по поплавите


Брисел – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе отпатува за Словенија за да изрази солидарност и поддршка поради поплавите, соопштено е денеска во Брисел. Претседателката на Европската комисија, која е придружувана со европскиот комесар за управување со кризи, Словенецот Јанез Ленарчич, со словенечките власти ќе разговара за поддршката на ЕУ за […]

Како хрватските хулигани побегнаа од радарот на грчката полиција


  И покрај тоа што беше забрането движењето на навивачите од Хрватска за натпреварот со АЕК, хулиганите пристигнале во Грција со автомобили и во колона се упатиле кон Атина. Весникот „Катимерини“ пишува дека иако биле следени навивачите успеале да ја измамат полицијата за време на нивното патување. Хрватите во Грција влегле од граничниот премин Какавија […]

Грција во шок по убиството на навивачот од хулиганите на Динамо


  Цела Грција сѐ уште е во шок по ужасните сцени кои се случија пред арената ОПАП во грчката населба Нова Филаделфија. Пред натпреварот од Лигата на шампионите, повеќе од 100 навивачи на Динамо Загреб нападнаа навивачи на ривалот АЕК, а во нападот беше убиен 29-годишен навивач на грчкиот клуб. На местото на нападот навивачите […]

Скандалозна изјава на бугарски пратеник, не знаел дека микрофоните се вклучени


  „Има закони и сега. Зошто си ги чешаме јазиците? Сите курви се разбудиле за да се сетат дека биле силувани пред 15 години. Како со тој американски режисер што го направија мајмун“. Овие зборови на бугарскиот пратеник Вежди Рашидов предизвикаа бран огорченост во земјата. Од „Бугарскиот фонд за жени“ побараа оставка, а вечерта свикаа […]

Неколку милијарди евра изнесуваат штетите од катастрофалните поплави во Словенија


Љубљана – Штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави премиерот на таа земја Роберт Голоб.   Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови. – […]

Еден убиен и осум повредени во инцидентите предизвикани од навивачи на Динамо Загреб во Атина


Атина – Едно лице, веројатно навивач на АЕК, беше убиено во инцидентите во Атина што доцна синоќа ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб во пресрет на денешниот натпревар на грчкиот и хрватскиот фудбалски тим, а повредени се осум и уапсени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијалните информации, група од околу 150-200 […]

Писмо на западни политичари до ЕУ, САД и Британија во кое бараат мерки против владата на Вучиќ


  Германски „Тагесшпигел“ објави текст со наслов „Ризици од понатамошна ескалација: Странските политичари во писма до ЕУ и САД бараат поголема дистанца од Србија“, во која цитира писмо од неколку странски политичари упатено до ЕУ, САД и Велика Британија. Како што се наведува, „Тагесшпигел“ имал пристап до писмото и пишува дека водечките странски политичари од […]

Кој ќе летува бесплатно на Родос


Атина- Откако грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека земјата ќе обезбеди бесплатен седумдневен одмор за оние кои мораа да го скратат одморот поради пожарот на Родос, многумина го поздравија овој гест од една од најпосетуваните туристички земји. Како што е соопштено, грчката влада иницирала серија разговори со заинтересираните страни, вклучително и туроператори, туристички агенции, хотелиери […]

Во Албанија нивото на инфлација во јули 4,2 отсто


Министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај денеска објави дека Албанија продолжува да има умерени и забавувани стапки на инфлација. Според неа јулската инфлација е 4,2 отсто, наспроти 7,5 отсто истиот месец минатата година. – Главна компонента на растот и влијанието на вкупната инфлација во текот на минатата, но и оваа година, беше онаа на […]

Изградија спектакуларен мост во БиХ: Напукна уште пред да биде пуштен


Мостот кај Почитељ во БиХ, опишан како една од најспектакуларните градби на автопатот што се гради во таа земја на трасата на коридорот V в, напукна веднаш откако беше изграден и ова е само еден од низата проблеми, кои ги доведуваат во прашање прогнозите според кои тој пат треба да биде завршен во следните шест […]

Ден одмор во Црна Гора чини 70 – 100 евра, во просек


Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје – за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка – потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден. По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, […]