Дрво падна врз девојче во невремето во Загреб
Невреме проследено со ветер, дожд и град попладнето зафати три северни окрузи и градот Загреб, оставајќи зад себе паднати дрвја и далноводи, додека едно лице е повредено во Загреб. Станува збор за 15-годишно девојче кое било удрено од дрво на загрепски Јарун. Невремето го зафати подрачјето на Вараждин, Крапинско-загорската и Загрепската жупанија и градот Загреб. …