Бугарски игри: Врховниот суд ги врати машините за вториот круг од локалните избори
Врховниот управен суд (ВАС) на Бугарија ја укина како делумно незаконска одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) и го врати машинското гласање за вториот круг од локалните избори, информираат од судот за порталот „Медијапул“. Одлуката на тричлениот совет е конечна.
Во исто време, од ВАС велат дека министерот за е-влада, Александар Јоловски, го прекршил законот со делегирање на потврдата за усогласеност на машините на неговиот заменик. Според врховните судии, тоа е целосна надлежност на министерот и тој не може да ја делегира на друг свој функционер.
За откажување на машинското гласање, ЦИК се повика на извештајот на тајната служба ДАНС, како и на фактот дека министерот сѐ уште не испратил писмо за усогласеноста на машините, иако тоа не е причина да се откаже машинското гласање. Писмото за усогласеност беше испратено до ЦИК од МЕУ пред истекот на рокот во саботата. Но, ЦИК нареди отстранување на машините од избирачките места.