Вучиќ: Следат тешки недели и месеци за Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека на Србија и претстојат тешки недели и месеци, бидејќи целта на меѓународната заедница е да ја принуди Србија, на овој или оној начин, ставајќи ја во одредена правна рамка, да ја признае независност на Косово, што, како што рече, нема да го направи, јави дописникот на МИА […]

Албанија ќе претседава со Централноевропската иницијатива


Од први јануари Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), објави министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани. Тој на социјалната мрежа Икс објави дека Албанија ќе ја унапреди мисијата за регионална соработка и интеграција во ЕУ. – Бидејќи Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ние остануваме посветени на унапредување на […]

Заврши скрининг процесот за Албанија


Албанското Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), информираше дека во Брисел успешно е завршен процесот на проверка познат како „скрининг“. – Овој процес траеше 14 месеци со 777 презентации, со учество на над 1.500 албански и 1.000 експерти од Европската комисија. Од 2022 година, беа одржани 300 објаснувачки и билатерални состаноци, се наведува во […]

Трагедија во Грција: Потона товарен брод со 14 членови на екипажот во близина на Лезбос


Товарен брод со 14 членови на екипажот потона утрово во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Лезбос и во тек е спасувачка акција на Крајбрежната служба на Грција, а неофицијално спасен е еден морнар, јави дописничката на МИА од Атина. Во акцијата учествуваат два хеликоптери, бродови на Крајбрежната служба, бродови што се во близина, како […]

На планините во Србија снег до 30 сантиметри


Белград – На планините во Србија има зголемување на снежната покривка, а на Гоч каде има и до 30 сантиметри снег нема струја поради дефекти на далноводите од страната на Врњачка Бања и Краљево, јави дописникот на МИА од Белград. Електрична енергија нема ниту во Студеница каде висината на снежната покривка е околу 10 сантиметри, а […]

На атинското пристаниште откриени 91 килограм кокаин во контејнер со банани


Атина – Во контејнер со банани во брод што пловел под знаме од Либерија, а во Грција пристигнал од Еквадор, биле пронајдени и запленети 91 килограм кокаин, во вредност од околу четири милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција денеска соопштија дека бродот што легално пренесувал банани, пристигнал на […]

Судот во Хаг привремено ги забрани сите посети на Тачи, Весели и Селими


Судот за злосторства на ОВК во Хаг привремено ги забрани сите посети на приведените поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими поради сомневање дека на посетителите им оддавале заштитени сведоци во обид да ги спречат да сведочат. Тачи, Весели и Селими, заедно со Јакуп Красниќи, се обвинети за воени злосторства во […]

Грлиќ Радман: Србија да не применува методи од Студената војна ако сака да го забрза патот кон ЕУ


 Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска во Сараево изјави дека Србија не треба да избегнува соработка и да прибегнува кон методи на Студената војна во меѓудржавните односи доколку сака да го забрза патот кон Европска Унија и да изгради регионална стабилност. Тој изрази жалење што Србија го протера првиот секретар […]

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра


Просечната нето плата во септември 2023 година во Србија изнесува 85.066 динари (735 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Половина од вработените во Србија работеле за помалку од 65.727 динари (560 евра), колку што е просечната плата, јави дописникот на МИА од Белград. Просечната бруто плата во септември изнесува 117.472 динари, соопшти РЗС. -Растот […]

Дојави за бомби во објекти на Радио телевизија на Србија и Радио-телевизија Војводина


Радио телевизија на Србија (РТС) добила дојава за поставена бомба во објектите на Кошутњак во Белград, (МВП), а дојави за бомби пристигнаа и на адресата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во тек е работата на специјализирани, контрадиверзантски екипи на полицијата. […]

Сезонските ски-карти од Србија може да се користат и во Македонија


Возбудлива долина, прекрасно езеро, зелени падини, феноменални пејзажи, скијачки центри, манастири, чист воздух, здрава животна средина се скапоцени богатства со кои може да се пофали Македонија. Маврово е популарно туристичко место на дното на планината Бистра, покриено со снег од ноември до крајот на април. Тоа е добро познат летен и зимски туристички центар, познат […]

ЕК предложи над 50 милиони евра помош за грчките и словенечките земјоделци погодени од природни катастрофи


Брисел – Европската комисија денеска претстави предлог за помош во износ од 51,7 милиони евра како директна поддршка за грчките и словенечките земјоделци погодени од природни катастрофи, информира портпаролот на ЕК за земјоделство и трговија Олоф Гил.  Според Гил, оваа сума е предвидени од средствата за земјоделските резерви за 2024 година, при што 43,1 милиони […]

За да нема конфликти, земјите од екс-Југославија да се справат со ужасите од минатото


Неуспехот на земјите од поранешната Југославија да се справат со конфликтите од минатото, може да има катастрофални последици за човековите права и потенцијално да доведе до нови конфликти во регионот, вели извештај на Советот на Европа. Гардијан пренесува дека во извештајот, објавен од комесарот за човекови права на Советот, Дуња Мијатовиќ, се вели дека регионот многу […]

Несогласувањето во Сириза е резултатот на внатрепартиските избори за претседател


Се чини дека единственото „несогласување“ на оние кои денеска ја напуштија партијата е резултатот на внатрепартиските избори за претседател и нивното одбивање да ја прифатат демократската одлука на десетици илјади членови на СИРИЗА, соопштија од грчката опозициска партија по одлуката на девет пратеници да си заминат и да станат независни, јави дописничката на МИА од […]

Во Црна Гора во мода е крадење со копање тунели: Ограбена оптика


Непознати разбојници го урнале ѕидот на продавницата „Оптика Мирковиќ“ во Подгорица и украле 250 очила за сонце, чија вкупна вредност е околу 100.000 евра. За ова на социјалните мрежи јавноста ја информираше Оптика Мирковиќ. Според објавената фотографија, крадците во оптиката влегле со уривање на ѕидот од соседната зграда. Objavila Optika Mirković…https://t.co/2V6iCLD3Gv — CDM (@cafemontenegro) November […]

Турција ја зголеми основната каматна стапка на 40 отсто


Турската централна банка денеска ја зголеми основната каматна стапка шести месец по ред на 40 отсто, што е највисоко ниво откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на власт. Банката ја зголеми основната каматна стапка (еднонеделната репо стапка) за пет процентни поени во однос на минатиот месец. Финансиската институција во соопштението за печат наведува дека […]

Против Воислав Шешељ е поднесено ново хашко обвинение


Против Воислав Шешељ е покренато ново обвинение, потврди неговиот син за српските медиуми. Прашање е дали Србија ќе го екстрадира. Меѓународниот суд во Хаг, наследникот на Хашкиот трибунал, поднесе обвинение против лидерот на српските радикали Воислав Шешељ и четворица други партиски функционери – Миљан Дамјановиќ, Љиљана и Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњатовиќ. Заменик претседателот на […]

Поради насилното однесување казнети 4 албански пратеници


 Комисијата за етика на по 10 дена исклучи од работата на албанското Собрание четворица пратеници од опозициската Демократска партија, приврзаници на Сали Бериша. Казната следува поради хаосот што го предизвикаа на понеделничка пленарна на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година. Станува збор за пратениците Фламур Нока, Газмент Барди, Блеџон Налбати и Фламур […]

Со изборот на седмиот судија, Уставниот суд на Црна Гора се комплетираше по три години


Парламентот на Црна Гора го избра Фарук Расулбеговиќ за седми судија на Уставниот суд, комплетирајќи ја таа институција по повеќе од три години. Од 81 пратеник, за избор на Расулбеговиќ гласаа 56 од владејачкото мнозинство, а воздржани беа 21 пратеник од опозицијата. Со ова заврши процесот на избор на судии на Уставниот суд, кој започна […]

Грчката влада ги зголемува туристичките такси


  Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за поправка на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис. Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе се зголеми од 0,50 на 1,50 евра за ноќ, објавија медиумите, а за […]