Хрватска: Камион се заби во детска соба – девојчето со повреди на главата


Бизарна сообраќајна несреќа се случи во хрватска утрово, кога камион се заби во куќа, односно со целата кабина влезе во детска соба, во која во моментот имало 14-годишно девојче. 

Девојчето е пренесено во болница, каде му констатирале набиеници и исекотини на главата, по што е сошиено, но е без поголеми последици. 

Како што раскажува таткото за хрватските медиуми, само што станал, пиел кафе кога му се јавила сопругата и го викнала затоа што покривот им паднал. Но, штом излегол видел дека камион им влегол во куќата. 

Нивниот дом се наоѓа покрај пат во Мирковци кај Винковци, а како камионот изгубил контрола и се забил во нивната куќа, полицијата треба да истражи. 

Шоферот е со повреди на носот, но на негова одговорност сака да биде пуштен од болница.