Словенечкиот парламент ја изгласа новата влада предводена од Јанша


Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија […]

Претседателот на Фенербахче осуден на казна затвор од две и пол години


Првиот човек на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е осуден денеска затворска казнa во траење од две и пол години, по обвинението за поттикнување нелегално обложување. Пресудата е изречена по големата истрага што минатата есен ја почна Турската фудбалска федерација (ТФФ) за нелегално обложување во домашниот фудбал, пренесуваат турските медиуми. Според порталот „Хаберлер“, обвиненијата […]

Русија остро реагира на првата заедничка воена вежба на Србија со НАТО


Русија денеска го обвини НАТО дека „се завиткал околу Србија како змија“, опишувајќи ја заедничката воена вежба што се одржува таму како обид за потчинување на земјата. Москва тврди дека алијансата сака да ја преземе контролата врз Балканот и да ја одвои Србија од Русија. Станува збор за годишната вежба „Платинумски волк“, која започна на […]

Каја Калас ја откажа посетата на Црна Гора пред самитот ЕУ-Западен Балкан, Макрон пристигна


Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја откажа планираната посета на Црна Гора, потврдија неколку извори, додека причините за оваа одлука засега се непознати. Калас требаше да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, а нејзината посета беше планирана како дел од […]

Мицотакис во Софија: Бугарија и Грција станаа стратешки партнери


  Бугарија и Грција станаа силна оска на стабилност и гарант на европската перспектива на целиот регион на Југоисточна Европа. Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, кој е во посета на Софија. Пред изјавата за медиумите, двајцата имаа разговор во четири очи, по што имаа проширен состанок […]

Падна мал авион кај Пула во Хрватска, загинаа четворица


Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во меѓувреме, беа објавени првите фотографии од местото на трагедијата, а познати се и детали за самиот авион и моментите пред падот. Официјално е потврдено дека во малиот авион имало вкупно четири лица и дека, за […]

Во Албанија врие. Големи протести против Рама за луксузниот ресорт на зетот на Трамп


  Протестите во Албанија поради предложеното луксузно одморалиште поддржано од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се очекува да се интензивираат откако противниците ја отфрлија понудата од премиерот на земјата „да разговараат за решенија“. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тирана трет ден по ред во средата, некои од нив мавтајќи со надувувачки фламинга во […]

Жесток судир на нервозниот Рама со новинарка на Си-Ен-Ен: Ние не убиваме фламинга


  Албанскиот премиер Еди Рама вчера зборуваше во интервју за Си-Ен-Ен за контроверзниот проект Звернец, во кој е вклучен зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. И поради кој веќе неколку дена има големи протести во Албанија. Проектот е изградба на ликсузент ресорт на подрачје кое е важен природен резерват и живеалиште на фламинга. Интервјуто беше […]

Драма во Белград: Избувна пожар во амбасада на Дедиње (видео)


Пожар избувна во зградата на пакистанската амбасада во белградско Дедиње во четврток. Фотографиите објавени на Инстаграм страницата „Мојот Белград“ покажуваат густ чад што излегува од еден од горните катови на зградата на амбасадата. Засега не е познато што го предизвикало пожарот ниту како започнал, пишува Nova.rs. Надлежните служби сè уште не дале официјално соопштение за […]

Странски работници во Италија заклучени во автомобил и живи запалени


Четири странски земјоделски работници биле изгорени живи во автомобил во Амендолара, Италија, вчера, а полицијата уапси двајца осомничени Пакистанци. Три од жртвите се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места, објавија италијанските медиуми. Пожарот избувнал вчера […]

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора


  Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват вчера им одби престој и кратко пред 16 часот врати во Белград 87 српски државјани, меѓу кои има претежно лица со криминално досие, а со години се споменуваат во српските медиуми како лица ангажирани во специјални задачи на режимот на Српската народна партија (СНС), објавуваат подгорички „Вијести“. […]

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват


Безбедносната и информативна агенција на Србија доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“. Како што е наведено во соопштението, таков совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“. „Според нашите […]

Мицотакис во Софија на средба со Радев


Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на премиерот на Бугарија Румен Радев и неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана […]

Илјадници Албанци протестираат против луксузниот ресорт на зетот на Трамп


  Илјадници Албанци излегоа на улиците на Тирана во вторникот вечерта за да протестираат против проектот за развој на еколошки чувствителен дел од јадранскиот брег, планиран од компанија поврзана со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс. Проектот вреден 1,4 милијарди евра го води инвестициската компанија на Кушнер, „Афинити партнерс“, а ќе […]

Макрон ќе го добие највисокиот орден на Црна Гора


  На францускиот претседател Емануел Макрон утре во Цетиње ќе му биде врачено највисокото државно одликување – Орден на Црна Гора од неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ. Кабинетот на Милатовиќ објави дека орденот е „израз на највисокото државно почитување кон Макрон за неговиот личен придонес во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, поддршката за европската […]

БГНЕС: Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот


Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот, во која амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, игра клучна улога. Се смета дека се подготвува 20-годишен договор за испораки на течен природен гас, во кој учествуваат американскиот Venture Global, грчкиот Atlantic SEE LNG Trade и бугарскиот државен снабдувач „Булгаргаз“, велат информирани извори. […]

Словенците забранија слетување на израелски авион, го пренасочија кон Хрватска


Авион на израелската авиокомпанија „Исреир“, кој требаше да слета во Љубљана, беше пренасочен кон Загреб откако словенечките власти одбија да му дадат дозвола за слетување, објави компанијата во среда. Според „Исреир“, одлуката е донесена од политички причини, а менаџментот тврди дека ова ги крши меѓународните договори за воздухопловство и правилата на Европската унија. Компанијата додава […]

Дојави за бомби во неколку училишта во Србија


Неколку училишта во Белград и Војводина добија дојави за поставени бомби утрово, што беше потврдено од Министерството за внатрешни работи. Известувањето за бомбите беше испратено на е-поштата на училиштата, а според информациите на „Данас“. Слични пријави беа примени утрово во основните и средните училишта во Нови Сад, односно во Јужнобачкиот округ. Пријави за бомба преку […]

Тројца Македонци лепеле налепници со кирилично писмо, по хрватски знаци – полицијата ги уапси


Полицијата ги пронајде и уапси младите мажи кои предизвикаа низа штети со налепниците. По претходно добиени пријави, полициски службеници од граничната полициска станица Груда утврдија дека налепници со различни големини напишани на кирилица биле залепени на сообраќајни знаци, насоки, корпи за отпадоци и информативна табла во областа Цавтат до таа мера што ја изгубиле својата […]

Брнабиќ: Вучиќ има поголемо влијание во светот отколку што имаше Тито


  Лидерите на двете моментално најголеми светски сили, кинескиот претседател Ши Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, го покажаа својот личен однос и ценење кон српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави Ана Брнабиќ. Таа го кажа ова додека зборуваше за неодамнешната посета на Вучиќ на Кина, каде што беше почестен од претседателот Ши, како и за […]