Во Албанија работат повеќе од 22 илјади странци


 Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица. Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300  дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од […]

Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, температурите ќе достигнат и до 43 степени


 Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен […]

Туризмот ѝ донесе на Турција 25,7 милијарди долари за само шест месеци


Анкара – Турција во првите шест месеци од годинава остварила приходи од туризмот во износ од 25,746 милијарди долари, што е речиси на нивото од истиот период лани, и покрај благиот пад на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии – изјави денеска турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Toj посочи дека […]

Грците имаат море, а половината не можат да си дозволат одмор


Според Евростат, 27,5 проценти од Европејците не можeле да си дозволат седумдневен одмор во 2025 година. Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење. Овој удел се зголемил за 0,5 процентни поени во […]

Хрватска ќе им даде на семејствата со четири или повеќе деца 15.000 евра за автомобил


.Министерката за демографија и имиграција, во соработка со Фондацијата „Хрватска за деца“, започнува пилот-програма за финансиска поддршка за кофинансирање на купување возило со седум или повеќе седишта за семејства со четири или повеќе деца. „Родителството не се поддржува само со зборови, туку со конкретни мерки што се чувствуваат во секојдневниот живот. За семејствата со четири или […]

Турција распореди пет Ф-16 во Естонија за мисијата на НАТО за воздушна полиција


Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија како дел од мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. „Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ќе […]

Четири лица починаа од западнонилска треска во Грцијa


Четири лица со западно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис […]

Црна Гора воведува визи за Руси, Белоруси, Саудијци, Кинези и Турци


Подгорица – Црна Гора целосно ја хармонизираше својата визна политика со Европската Унија, со што исполни еден од последните критериуми за затворање на поглавјето 24 од преговорите, кое се однесува на правдата, слободата и безбедноста, како и една од клучните обврски од Реформската агенда, објави црногорското Министерство за надворешни работи. Министерството истакнува дека ова ја […]

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција


Борбата со шумските пожари продолжува во регионите на Егејското и Средоземното Море, како и во други делови на Турција, каде што високите температури и силниот ветер значително ги отежнуваат интервенциите на противпожарните екипи, јави Анадолија. Најкритична е состојбата во округот Мугла, на егејскиот брег, каде што пожарот што избувна вчера брзо се прошири под влијание […]

Косовските власти продолжија со рушењето на српски објекти во Газиводе (ВИДЕО)


Косовските власти продолжија со рушењето во областа Ујман/Газиводе. Денес властите срушија мотел во сопственост на Срби тврдејќи дека зградата е изградена на јавен имот, иако претставниците на Србите тврдат дека нема судска одлука со која се овластува нејзиното отстранување. Досега се урнати вкупно 17 вили во сопственост на Срби во областа.  Екипи од компанијата „Ибар-Лепенец“, […]

Во половина час два послаби земјотреси во Албанија – почувствувани и во Струга


Два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,8 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се денеска во Албанија, а потресот го сттија и стружани.  Првиот земјотрес се случи во 11.14 часот, со епицентар на 21 километар од Елбасан, а вториот во 11.50 часот, на 22 км од Елбасан.  Двата земјотреса биле почувствувани и во Охридско-струшкото подрачје. […]

Бездомник во Атина пронашол тело на туристка во куфер: Мобилниот телефон се користел како да е жива


Бездомник пронашол куфер со тело на 38-годишна Британка во напуштена зграда во Атина. Еден детаљ од нејзиниот мобилен телефон особено го привлекол вниманието на полицијата. Случајот се истражува како убиство откако телото на жената било пронајдено од бездомник на 18 јули во атинската населба Кипсели. Тој ја известил полицијата околу 13 часот откако забележал куфер […]

Земјотрес погоди дел од Хрватска кај Сисак


Хрватската сеизмолошка служба регистрираше умерено силен земјотрес во близина на Сисак во четврток во 6:29 часот. Магнитудата на земјотресот беше 3,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше ниво IV на EMS скалата, јавуваат хрватските медиуми. Земјотресот се случи на длабочина од девет километри и поради неговата плиткост, беше почувствуван доста, па многу […]

Уапсен поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум


Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, беше уапсен синоќа по наредба на УСКОК, потврди објави порталот „Индекс“. Апсењето е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Коноба пршут“, која се однесува на угостителски објект во сопственост на Керум во Каштел. „Слободна Далмација“ објави дека Керум бил во Вела Лука на Корчула во времето на апсењето, каде […]

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран


Портокалова и црвена фаза на опасност од пожари е прогласена за крајот на оваа недела на целата територија на Словенија. Црвена фаза, што означува многу висока опасност од пожари, е прогласена во подрачјата на Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е прогласена портокалова фаза, што укажува […]

Грција масовно ги одбива шенгенските визи за Русите


  Во јули, руските граѓани се соочија со масовни одбивања на шенгенски визи во Грција, една од ретките европски земји што продолжува да им ги издава на Русите. Според Здружението на туристички оператори на Русија, повикувајќи се на учесници на туристичкиот пазар, стапката на одбивање за неколку големи играчи на грчкиот пазар достигна до 50%. […]

Во пожар на куќа кај Скадар животот го загубија мајка и две малолетни деца


Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. “Како […]

Двајца пожарникари загинаа за време на гаснење пожар на грчкиот остров Крит


Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со […]

Црногорскиот ќе биде официјален јазик во ЕУ, на латиница, а не на кирилица


  ЕУ вработува службеници што зборуваат црногорски додека земјата брза кон членство – започнувајќи ја практичната работа потребна за да стане 25-ти официјален јазик на блокот, пишува „Политико“. Правната служба на Советот на ЕУ бара асистенти кои ќе помогнат во изготвувањето на договорот за пристапување на земјата – правилата според кои се приклучува кон блокот […]

Гори меѓу Фетије и Анталија – затворен автопатот (Видео)


Шумски пожар што избувна во турската покраина Мугла предизвика евакуација на населението и ги принуди властите да го затворат автопатот помеѓу Фетије и Анталија поради густ чад што се ширеше низ областа. Пожарот избувнал наутро на земјоделско земјиште во округот Сејдикемер, а силните ветрови набрзо го прошириле на блиската шумска област. Во гаснењето учествуваат речиси […]