Еди Рама ја нападна „Фламинго револуцијата“ како фaшистичка, а демонострантите ги нарече идиоти


  Албанскиот премиер Еди Рама во неделата остро ја критикуваше „Фламинго револуцијата“, споредувајќи го протестното движење со нацистичка Германија и нарекувајќи ги демонстрантите „ајван“ – навредлив термин што грубо значи „глупави како идиоти“ или „нецивилизирани луѓе“. „Ова е фашистичко, скандалозно е и мора да се запре“, рече Рама за време на неговиот поткаст во неделата. […]

Албанија гради нова делница од Јадранско-јонскиот коридор


Во Албанија започна изградбата на делницата Миљот-Балдрен, во близина на Љеш, со што продолжува изградбата на клучната северна рута на идниот Јадранско-јонски пат. По завршувањето на оваа делница, останува насоката кон Муриќан и границата со Црна Гора, објавува Инвестор. По делниците од Кашар кај Тирана до Туман, и рутата Туман-Миљот, во среда во Албанија започна […]

Европската комисија покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит


Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку […]

Зоран Милановиќ ќе му ги одземе одликувањата на воениот злосторник Бранимир Главаш


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ќе му ги одземе воените одликувања на осудениот воен злосторник Бранимир Главаш, дознава риечки „Нови лист“. Претседателот Фрањо Туѓман му додели на Главаш седум воени одликувања. Кабинетот на претседателот не одговори директно на прашањето на „Нови лист“ што ќе направи претседателот откако седумгодишната затворска казна на Главаш за воени злосторства […]

Црна Гора воведува енергетски зони: ќе бидат мапирани области погодни за соларна енергија и други обновливи извори


Црна Гора наскоро би можела да добие јасно дефинирани енергетски зони за забрзан развој на соларни, ветерни и други проекти од обновливи извори. Предлогот за измена на законот предвидува мапирање на територијата на земјата, вклучувајќи копно, подземни, морски и внатрешни води, со цел да се утврди каде има најголем потенцијал за производство на зелена енергија. […]

Албанското специјално обвинителство запленило 128 милиони евра од бизнисмени поврзани со проектот „Зврнец“


По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, спроведена е  голема операција против структурирана криминална група, осомничена за трговија со дрога, а парите добиени од криминална активност биле перени од неколку бизнисмени, кои поседуваат значителен дел од земјиштето во Зврнец.  -Според судската одлука од 10 јуни, изрече е превентивна заплена од над 128,3 […]

НАТО ќе го намали бројот на војници во Косово


НАТО постепено ќе ја прилагодува големината на својата мировна мисија во Косово, која е во сила од 1999 година, во текот на следната година, како што безбедносната ситуација во земјата станува постабилна. „НАТО и КФОР се целосно посветени на безбедноста и сигурноста на Косово“, рече генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Г. Гринкевич, врховен […]

Забрането капењето во Пефкохори, истекла канализација


Општина Касандра воведе привремена забрана за капење на локацијата „Акротири“ во населбата Пефкохори поради истекување на канализација предизвикано од пукање на цевковод. Како што пренесе Прототема, општинските служби веднаш реагирале и почнале со санација, а истекувањето набрзо било запрено, по што биле спроведени активности за чистење и дезинфекција на подрачјето. Надлежните служби, вклучувајќи ја и […]

САД го тргнаа Сали Бериша од црната листа


  Во екот на големите демонстрации против владата на премиерот Еди Рама околу луксузниот ресорт што треба да го гради Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, САД го тргнаа од црната листа поранешниот претседател и премиер и лидер на опозицијата во Албанија, Сали Бериша. Оваа одлука ја објави самиот Бериша. Тој беше ставен на црната […]

Невреме со урагански ветер и град ја зафати Словенија


Невреме проследено со урагански ветер и локални врнежи од град синоќа зафати делови од Словенија. Според податоците од Центарот за известување при Управата за заштита и спасување на Република Словенија, низ целата земја се регистрирани над 400 интервенции поради силнoто невреме со обилни врнежи од дожд, интензивни налети на ветер и прекини во снабдувањето со […]

Во Тирана илјадници луѓе протестираа против пректот на зетот на Трамп, најмасовно досега


Најголеми досега беа синоќешните протести што се одржаа во Тирана против изградбата на луксузно одморалиште на јадранскиот брег во јужна Албанија, планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Ова беше11-ти протест по ред, траеше повеќе од четири часа, со учество и на Албанци надвор од Албанија, што доби сенационален карактер. Демонстрантите носеа […]

Србија се договори со унгарски МОЛ, го зголемува својот удел во НИС


Србија и унгарската нафтена компанија МОЛ постигнаа компромис и ги решија сите отворени прашања поврзани со акционерскиот договор за Нафтената индустрија на Србија (НИС). Договорот вклучува можност Србија да го зголеми својот удел во сопственоста, гаранции за работењето на рафинеријата Панчево и поголеми овластувања на српските претставници во администрацијата на НИС, објави министерката за рударство […]

Бугарија повеќе нема да испраќа оружје за Украина


Новата бугарска влада, предводена од премиерот Румен Радев, нема планови да продолжи да испраќа воена помош во Украина, објави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. „Време е да седнеме на преговарачка маса. Време е да се бара праведен мир што ќе го одредат двете страни“, рече Стојанов на прес-конференција, според Бугарското национално радио (БНР). Промената […]

Уште еден мал авион падна во Хрватска, во близина на Врсар


Полицијата, денеска, околу 8:35 часот добила пријава дека мал авион се урнал во Врсар, во близина на аеродромот. Едно лице е повредено, а сите служби за итни случаи се испратени на местото на настанот, соопшти полицијата. Минатата седмица, мал авион падна во близина на Пула, кај аеродромот Медулин, при што загинаа четворица Австријци. Падна мал […]

Фискален совет на Србија: Вкупните трошоци за ЕКСПО би можеле да бидат околу 3,4 милијарди евра


Фискалниот совет на Србија денеска објави проценки дека вкупните трошоци само за ЕКСПО и директно поврзаните проекти би можеле да изнесуваат околу 3,4 милијарди евра, со предупредување дека трошоците за осум главни патни правци се зголемиле за 80 проценти во споредба со првично договорените износи. Во анализата се наведува дека стратегијата предвидува умерен фискален дефицит […]

Ципрас сега е главен ривал на Мицотакис


  АТИНА – Новоформираната Грчка левичарска алијанса, или партија ЕЛАС на поранешниот премиер Ципрас, се појави како главна политичка сила што ѝ се спротивставува на моќната владејачка партија Нова демократија, според најновите анкети на јавното мислење. Националните избори мора да се одржат до јули 2027 година. Сепак, додека Грција се подготвува да го преземе ротирачкото […]

Тирана се правда пред Брисел, нема проект и градежни работи за ресортот на Кушнер


Министерството за животна средина на Албанија ги демантира вестите што кружат во медиумите во врска со туристичкиот проект во областа Зврнец, дека министерот Софјан Јаупај ја информирал Европската комисија дека овој проект е стопиран. Албанска владина Агенција за медиуми и информации (МИА),  објави соопштение на Министерството за животна средина, во кое стои дека за време […]

Уште еден посилен земјотрес на Евија – затворени училиштата


Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди морското подрачје северно од островот Евија во близина на Атина, Грција рано наутро во понеделник, соопштија властите. Нема пријавени повредени или материјална штета. Според Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време, а епицентарот бил на 9 […]

ЕУ го предупреди Рама за проектот поврзан со Кушнер


  Европската комисија ја предупреди Албанија против дејствија што можат да влијаат на нејзиниот пат кон пристапување кон ЕУ, во услови на тековни национални протести поради проект за развој поврзан со Џаред Кушнер на јужниот брег на земјата. Националните протести влегоа во својот седми ден по ред во неделата, бидејќи Албанците побараа откажување на луксузното […]

Партијата Самоопределување на Албин Курти води со над 43 проценти на изборите во Косово


Левичарското националистичко движење Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти води со освоени нешто на 43 проценти од гласовите на вчера одржаните избори. Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово […]