Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи геноцидот во Газа


  Врвниот суд на Обединетите нации во петок ќе донесе одлука за повикот до Израел да ја запре својата воена офанзива во Газа, кога ќе донесе прелиминарна одлука во случајот со кој се обвинува Израел за геноцид во малата крајбрежна енклава. Џоан Донахју, претседателка на Меѓународниот суд на правдата, ја отвори седницата за да ја …

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да го спречи геноцидот во Газа Read More »

Aнализа: Ако сегашната владејачка коалиција стане предизборна, ВМРО-ДПМНЕ има само 4 отсто шанса за победа


  Ако се одржат сега избори во Македонија и ако владејачката коалиција на СДСМ настапи со една листа, а ВМРО-ДПМНЕ со актуелната коалиција, речиси нема сценарио во кое опозициската партија ќе победи на изборите за парламентот, сугерира анализата на Преспа институтот направена преку алатката за истражување и аналитика ЕлектоМетар. Според истата анализа, која се заснова …

Aнализа: Ако сегашната владејачка коалиција стане предизборна, ВМРО-ДПМНЕ има само 4 отсто шанса за победа Read More »

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери (во живо)


Собранието денеска ја почна 139. седница на која беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.  Премиерот Ковачевски и претседателот на Собранието не ги образложија оставките.  Се очекува на седницата да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Ковачевски и …

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери (во живо) Read More »

Спасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, извршила и три убиства


  Голема злосторничка афера откри министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево, при што кажа дека криминална група од село Грчец, вршела транспорт на кокаин од Латинска Америка, до европски земји, како и во Македонија. Истите се осомничени и за четири убиства, во последните години, меѓу кои и на двајца албански државјани во близина на …

Спасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, извршила и три убиства Read More »

Ковачевски лично ја однесе оставката во Собранието


  Нестандардно за македонски прилики, премиерот Димитар Ковачевски претпладнево лично ја достави својата оставка во Собранието. Со тој негов чекор во оставка е целата Влада до изборот на техничката влада во недела на 28 јануари.  Премиерот Ковачевски имаше куса изјава за медиумите пред Собранието во која рече дека државата и за време на техничкиот премиер …

Ковачевски лично ја однесе оставката во Собранието Read More »

Пресуда за Ласкарци – за возачот 14 години, за сопственикот на „Дурмо турс“ четири


  Пет години по ужасната несреќа кај скопското село Ласкарци процесот за одговорноста зошто се случи оваа трагедија денеска резултираше со судски пресуди, а најголема казна од 14 години доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски. На затворски казни беа осудени и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, како и вработените во …

Пресуда за Ласкарци – за возачот 14 години, за сопственикот на „Дурмо турс“ четири Read More »

„Лидл“ стави временска капсула во темелите на логистичкиот центар во Кумановско


  „Лидл“ денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Северна Македонија, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на „Лидл“ во земјава со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места. Според планот на компанијата изградбата на логистичкиот центар да започне во следниот период, додека …

„Лидл“ стави временска капсула во темелите на логистичкиот центар во Кумановско Read More »

Орбан во небрано, остана сам против приемот на Шведска во НАТО


  Виктор Орбан рече дека ќе го повика унгарскиот парламент да ја завери кандидатурата на Шведска за НАТО „во првата можна можност“, откако дипломатите рекоа дека сојузниците на Унгарија се „огорчени“ од влечењето на земјата. Шведска поднесе барање за приклучување кон НАТО во мај 2022 година, но нејзиниот пристап беше одложен бидејќи Турција и Унгарија …

Орбан во небрано, остана сам против приемот на Шведска во НАТО Read More »

Петровска: Да не бевме во НАТО кога почна војната во Украина не ќе можевме да кажеме дека земјата е безбедна


Најбрз и највидлив пример од нашето зачленување во НАТО е трансформацијата на нашата Армија, се она што е направено и долгорочните планови што се донесени, но и нивната успешна реализација, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот „Северна Македонија – безбедна членка на нато со европска иднина“ во рамките на конференцијата „Година на европски …

Петровска: Да не бевме во НАТО кога почна војната во Украина не ќе можевме да кажеме дека земјата е безбедна Read More »

На Џафери не му е гајле дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа


На 28 јануари ќе биде закажана седницата за избор на техничката влада, а потоа и втора седница за избор на дополнителните заменици министри, како и за верификација на мандат на пратеник. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој е мандатар на техничката влада, оставки ќе поднесат утре, со што почнуваат …

На Џафери не му е гајле дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа Read More »

Единаесет задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози… АЦВ подготви прелиминален извештај


Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви прелиминалниот извештај од вонредниот надзор по инцидентот во националниот оператор за воздухопловна навигација во делот на обезбедувањето. Изготвен е конечен записник, врз основа на кој од 14 утврдени наоди изготвено е решение со наредба за преземање 11 задолжителни  мерки и активности со различен рок на реализација, што ќе …

Единаесет задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози… АЦВ подготви прелиминален извештај Read More »

Џафери ќе ги соопшти датумите на седниците за оставките и за изборот на техничката влада


Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе одржи ад хок координација, на која, како што информираа од Собранието, ќе се утврдат точните датуми на седниците за оставките и за изборот на техничката влада. Потоа Џафери ќе има неформална средба со претставници на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и …

Џафери ќе ги соопшти датумите на седниците за оставките и за изборот на техничката влада Read More »

Годинава ќе бидеме независни во снабдувањето со енергија од источните земји


Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна …

Годинава ќе бидеме независни во снабдувањето со енергија од источните земји Read More »

Курти: Самоопределување не учествува и не се меша во изборите во Македонија


Косовскиот премиер Албин Курти вчера во Скопје изјави дека обвинувањата против движењето Самоопределување за мешање во изборите во Северна Македонија се неосновани и посочи дека неговата партија не е ниту регистрирана како политички субјект во нашата земја, пренесува „Телеграфи“. Тој истакна дека движењето Самоопределување нема да учествува на изборите во Северна Македонија. „Самоопределувањето не е …

Курти: Самоопределување не учествува и не се меша во изборите во Македонија Read More »

До 29 февруари продолжени замрзнатите цени


Владата одлучи ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи да го продолжи до крајот на февруари. Според последната одлука, тоа требаше да заврши на крајот на овој месец.  Повеќе мерки донесе Владата синоќа на 222-та владина седница: Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари; Утврдени …

До 29 февруари продолжени замрзнатите цени Read More »

Градски превоз ќе има! Со аплауз дочекана одлуката на Советот


Со 25 гласови „за“, Советот на повторената вонредна седница денеска донесе одлука да се исплатат субвенции на ЈСП „Скопје“. Гостите, кои присуствуваа на седницата, со аплауз ја дочекаа одлуката. Скопјани може да здивнат. Утре ќе има автобуси и секој ќе може да стигне на работа, на училиште, на лекар.  Пред да се гласа за доделување …

Градски превоз ќе има! Со аплауз дочекана одлуката на Советот Read More »

О’Брајaн: Планот за раст ќе овозможи побрз пристап до единствениот пазар на ЕУ


Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар. Секоја влада од шесте земји од Западен Балкан се согласи дека ќе работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности …

О’Брајaн: Планот за раст ќе овозможи побрз пристап до единствениот пазар на ЕУ Read More »

Инклузија во образовниот процес да, но не по секоја цена


Северна Македонија е една од ретките држави во светот кои имаат целосно инклузивно образование, односно сите деца со попреченост без разлика на степенот, можностите и потешкотиите со кои се соочуваат одат во редовен образовен процес. Покрај во основното, со новиот закон за средно образование, кој е во владина процедура, предвидено е ангажирање на образовни асистенти …

Инклузија во образовниот процес да, но не по секоја цена Read More »

Техничката влада треба да се избере следниот викенд, отворени неколку опции


Местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада треба да останат празни се додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада, сугерира премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски како одговор на најавите на опозициската партија да не гласа за составот на техничката влада, ниту да учествува на нејзините седници.  Од ВМРО-ДПМНЕ …

Техничката влада треба да се избере следниот викенд, отворени неколку опции Read More »

(Галерија) Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје


 Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во водите на реката Вардар во Скопје.  – Посакувам здравје, среќа, спокојство на сите. Со Господ напред, сè најдобро на сите, Господ е голем. Сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ, изјави Николовски. Годинава, пријавени беа 157 граѓани кои скокнаа во водите на …

(Галерија) Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати осветениот крст во Скопје Read More »