Пехчево се бори против огнената стихија – градот е без вода (видео)


Повици за помош со вода стигнуваат утрово од Пехчево, во чија околина од вчера гори огромен пожар, a утрово од 6 часот камбаните бијат за тревога. Водата од водоводот во Пехчево да не се користи за пиење, а никако за наводнување на градините, бидејќи се празнат резервоарите на филтерстаницата, а водата е потребна за гасење […]

(Фото) Половина Македонија во чад, во Стар Дојран едвај се дише


Пожарите што зафатија голем дел од државата оставаат сериозни последици, не само поради изгорените куќи и шуми, туку го оневозможуваат и секојдневниот живот во многу места, поради чадот кој се прошири речиси на половина територија од земјава.  Фоторепортерот на Независен, Борис Грданоски денеска беше во дел од краиштата зафатени со пожари, меѓу другото и во […]

Во Венецуела врие откако Мадуро прогласи победа без докази. Зошто режимот ја вмеша Македонија?


  КАРАКАС – Додека илјадници луѓе демонстрираа низ Венецуела, опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес во понеделникот објави дека неговата кампања има доказ што треба да покаже оти победил на спорните избори во земјата на кои изборните власти го прогласија претседателот Николас Мадуро за победник. Гонзалес и опозициската лидерка Марија Корина Мачадо им рекоа на новинарите дека […]

Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“


  Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата. Затоа е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје, порача денеска директорката на Управата […]

Гори Источна Македонија, дванаесет села во земјава зафатени од пожари. Има и една жртва (Видео)


Гори Источна Македонија. Дванесет села се зафатени во пожарите кои од попладнево беснеат во земјава, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој во моментов е во Светиниколскиот регион, каде што огнот влезе во три села и опожарени се стари куќи, но и куќи во кои живее месно население во селата […]

Таравари не се откажува од идејата за академија на Албанците, Владата се подели


  Идејата за формирање на академија на науките и уметностите на Албанците во Македонија ја подели и владината коалиција и општеството. Челниците на коалицијата „Вреди“ не се откажуваат од таа идеја која произлегла од четири општини. Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека тоа била нивна програмска определба. „Немаме несогласувања, ова ни беше програмска определба. […]

Кина вршела притисок врз Милошоски да не оди на Тајван


  Кинески дипломати вршат притисок врз претставници на најмалку шест земји, вклучувајќи ги Македонија и Босна и Херцеговина, да не присуствуваат на самитот што ќе се одржи во Тајван. Политичари од Македонија, Боливија, Колумбија, Словачка, Босна и Херцеговина и друга азиска земја изјавиле за Асошиејтед прес дека добивале пораки, повици и итни барања за состаноци со […]

Кои беа двете мистериозни маскирани фигури на отворањето на Олимпијадата во Париз


  Две маскирани фигури на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз го украдоа вниманието на гледачите, најпрво кога мистериозен носач на факелот кој  трча преку покривите а потоа јавач со наметка да галопира по Сена на метален коњ за да го предаде олимпиското знаме. Јавачката, Флоријан Исер, подофицер во Националната жандармерија облечена во сребрен […]

(Видео) Спектакуларно отворени Олимписките игри во Париз


Проследете го свеченотo отворање на Олимписките игри во Париз на кое се очекува невидена церемонија која наместо на стадион, како што беше вообичаено до сега, ќе се одржи на реката Сена. Свечената програма започна во 19,30 часот, а спортисти од 206 земји ќе продефилираат со чамци и бродовови на реката што минува низ центарот на […]

Саботери ја парализираа мрежата на брзи возови во Франција пред отворањето на Олимпијадата


  ПАРИЗ – Француската брза железничка мрежа во петокот беше погодена со широко распространети и „криминални“ вандалски акти, вклучително и подметнати пожари, парализирајќи го патувањето до Париз од остатокот на Франција и Европа само неколку часа пред свеченото отворање на Олимпијадата. Француските власти ги опишаа нападите како „криминални дејствија“ и рекоа дека истражуваат дали тие […]

Филипче: СДСМ се враќа, Мицкоски ја води државата во „чуден и нејасен“ правец


  Новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, најави денес на прес-конференција дека „СДСМ се враќа“ и дека кризата по изборите е надмината. „СДСМ е подигната на нозе и функционира. Првата фаза од стабилизирањето на партијата е завршена“, порача Филипче, најавувајќи дека до почетокот на октомври ќе се изберат делегати за конгресот. Тој најави и иницирање […]

Ребалансот на буџетот пред пратениците, забелешки од Фискалниот совет, незадоволство од судовите и Обвинителството


  Предлог-ребалансот на Буџетот за 2024 година уште првиот ден при неговото претставување пред членовите на матичната Комисија за финансирање и буџет наиде на сериозни забелешки од страна на Фискалниот совет, од каде што се загрижени за нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, но и незадоволство од Судскиот буџетски совет и од Јавното обвинителство […]

Џо Бајден објасни зошто се повлече: „Да се одбрани демократијата и да се обедини нацијата“


  Во емотивен говор што го означи почетокот на завршното поглавје од неговото претседателствување и половина век во јавната служба, американскиот претседател Џо Бајден призна дека обединувањето на партијата бара жртвување на личната амбиција за она што тој го гледа како поголемо добро. „Ја почитувам оваа канцеларија. Но, повеќе ја сакам мојата земја“, рече Бајден. […]

„Истрчав низ огнот за да куртулам“: Пожарникарот Тодорчевски раскажува за пеколот на пожарот кај Битола


  БИТОЛА – По осум дена поминати во болница, битолскиот пожарникар Александар Тодорчевски – Ато (49) се врати дома жив. Зараснуваат повредите од големите изгореници на рацете, лицето, делови од грбот и бутините, но левата шака сѐ уште е нефункционална и обвиткана со завој. И покрај нараснатите меури од изгорениците на десната рака, Ато, како […]

„Пак на слеп колосек“: Мицкоски најави запирање на изградбата на пругата кон Бугарија


  Новата влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски решила да го запре проектот за изградба на пругата кон Бугарија и парите да ги пренасочи кон други проекти, пред сѐ кон модернизација на постојниот ќелезнички Коридор 10 и за реализација на интерконекторот за пренос на гас со Грција. Ова Мицкоски го изјави во интервју за  Телма, […]

Екипата на Трамп доаѓа да инвестира во Македонија и да ја шири неговата социјална мрежа


  Резултатите од вашингтонската вечера на премиерот Христијан Мицкоски со Ричард Гренел, човекот за Балканот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, за Балканот,  почнуваат да се појавуваат. Мицкоски денеска имаше средба со неколкумина од поширокото опкружување на Трамп, меѓу кои е и Крис Павловски од Канада, чија компанија Rumble дава клауд услуги за социјалната мрежа […]

Интервју со Бранимир Јовановиќ: Неодговорни фискални политики може да нè втурнат во должничко ропство


  Предлог-ребалансот на Буџетот што го изготви новата Влада веќе е доставен до Собранието и наредната недела ќе се најде на дневен ред на матичната Комисија за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница. Со оглед на соодносот на силите во Собранието, нема сомневање дека владиниот предлог ќе помине и ќе ја добие […]

„Харис за Америка“: Холивуд се нареди во поддршка за Камала Харис


  Холивуд реагираше на веста дека американскиот претседател Џо Бајден се откажува од претседателските избори со благодарност и воздишка на олеснување, бидејќи во најголем дел остана тивок во последните недели бидејќи само неколку познати личности го повикаа да се повлече. Само неколку часа пред Бајден да објави дека ја завршува својата кандидатура за реизбор и […]

Бајден се откажа од претседателската трка


Претседателот Џо Бајден во изјава објавена на неговиот профил на социјалните мрежи рече дека се откажува од претседателската трка – историска одлука што ги фрла изборите во 2024 година во пресврт и го означува последното излегување на претседателски актуелен претседател во модерната историја, пишува Политико. pic.twitter.com/RMIRvlSOYw — Joe Biden (@JoeBiden) July 21, 2024 Невообичаениот потег […]

Одењето на работа со велосипед е популизам, тврди Антикорупциска


  Донеодамнешниот премиер на Холандија и иден генерален секретар на НАТО, Марк Руте, да ти бил популист, според објаснувањето на новата Антикорупциска комисија. Руте на работа доаѓаше генерално со велосипед, а според денешното соопштение на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) „возењето велосипеди или одењето со автобус на работа е чист популизам“. Значи, сите […]