Досегашните ветувања на КОП28 ќе донесат само 30 отсто намалување на емисиите до 2030 година
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска предупреди дека емисиите на стакленички гасови може да се намалат само за 30 отсто до 2030 година врз основа на ветувањата на земјите на климатската конференција на ОН во Дубаи (COP28). Ако земјите не преземат поамбициозни мерки, светот нема да ги избегне најлошите последици од климатските промени, смета агенцијата. […]