Што откри конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ? (Галерија)


  Собирите, како што беше конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ минатата сабота за избор на кандидат за претседател на државата, може да откријат многу нешта. И да се потсетиме на некои лица кои беа „команданти“ на многу процеси во државава до пролетта 2017 година. Сегашново раководство на ВМРО-ДПМНЕ постојано тврди дека партијата е при крајот на својата […]

Меѓународниот суд издаде налог за апсење на двајца генерали на руската војска


  Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на двајца високи руски воени лица кои се обвинети дека се одговорни за ракетна кампања насочена кон украинската енергетска инфраструктура помеѓу октомври 2022 и март 2023 година. Налозите за апсење се за генерал-полковник Сергеј Кобилаш од руските вооружени сили и адмиралот Виктор Соколов од руската […]

Од денеска веќе нема бариери за работа во Србија, Албанија и Македонија


  Од денеска, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан“, соопштија од Владата. Од таму појаснуваат дека мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и тоа Договорот за услови за слободен пристап […]

Русија користи српски агент да се инфилтрира во телата на ЕУ


  Руското разузнавање користи српски агент за да се инфилтрира во институциите на ЕУ и да шири про-Кремљ акценти за неговата инвазија на Украина, се вели во брифингот на западните разузнавачки служби, виден од „Политико“. Неодамна во октомври 2023 година, српскиот државјанин Новица Антиќ – активен „агент на влијание“ кој свесно соработувал тесно со руската […]

Украина потопи уште еден руски брод кај Крим. Русија загуби веќе 20 бродови


  На копното чекор по чекор освојува територија во Украина, но во Црното Море Русија губи еден брод под друг. Ноќта меѓу 4 и 5 март, специјалните сили на Главната разузнавачка управа (ГУР) на Министерството за одбрана на Украина го уништија најновиот патролен брод на руската Црноморска флота, корветата „Сергеј Котов“. Во нападот биле користени […]

Вкупно 44 македонски компании покажале интерес да работат со тендери на НАТО


  Рамноправност во нудењето на производи и услуги за потребите на Алијансата, зголемено учество на НАТО пазарот и здружувањето на способностите на индустријата од сите земји се дел од препораките на НАТО – Индустрискиот ден што се одржува во Скопје, а на кој учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата, НАТО Агенцијата за поддршка […]

ЕУ го казни „Епл“ со 1,8 милијарди евра за спречување на конкуренцијата


  „Епл“ денеска беше казнет со повеќе од 1,8 милијарди евра од регулаторите на Европската унија поради навредливи правила на продавницата за апликации кои можеби ги зголемија цените за претплатите за стриминг музика. Ова е прв пат „Епл“да биде казнет од Европската комисија и трета најголема антимонополска казна до сега, втора по огромните казни за […]

СДСМ го потврди Стево Пендаровски како кандидат за претседател на државата


  Делегатите на 27. Конгрес на СДСМ вечерва го потврдија Стево Пендаровски како кандидат за претседател на државата на претстојните избори. Како што известија од конгресот медиумите, ЗА гласаа  706 делегати. Претходно, во текот на денот Пендаровски за неколку часа собра двојно повеќе од потребните 10.000 потписи за потврда на неговата кандидатура. „Очекувам двојна победа. […]

Мицкоски ги нарече „измеќари“ Ванковска и Јакимовски, тие му возвратија уште поостро


  Веќе почна битката во кампот на оној таканаречен патриотски блок во кој се четворица од седуммината кандидати за претседател. Затоа сите треба да делат еден базен на гласови на кој претполага право Гордана Силјановска-Давкова. Уште непочната кампањата почнаа непримерни квалификации и навреди за двајца од кандидатите и тоа од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски, […]

Редици за потпис за претседателските кандидати пред подрачните единици на ДИК


Подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија во земјава денеска беа „окупирани“ од граѓани кои што дојдоа да поддржат еден од кандидатите за претседател, а најбројни беа за двајцата фаворити – Стево Пендаровски и Гордана Силјаноска Давкова. Како што е познато, вчера на конвенција на ВМРО – ДПМНЕ, Силјаноска Давкова доби поддршка да биде кандидат за […]

Силјановска-Давкова кандидат за претседател, ја доживува Македонија како преумна и храбра жена


  По неколкучасовна конвенција денеска ВМРО-ДПМНЕ ја избра пратеничката Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за претседател, овозможувајќи ѝ втор обид да стигне до функцијата шеф на државата по неуспехот пред пет години. На конвенцијата во Македонската филхармонија, на која таа беше единствен кандидат, гласале 448 делегати, од нив 444 гласале за кандидатурата на Силјановска-Давкова. Од утре […]

САД почнаа испорака на хуманитарна помош во Газа со падобрани


  Војската на Соединетите Држави ја спроведе својата прва акција за хуиманитарна помош со падобрани во Газа во саботата, соопштија американските официјални лица, а хуманитарните агенции предупредија на растечка хуманитарна катастрофа во палестинската енклава додека Израел продолжува со својата офанзива. Обединетите нации велат дека една четвртина од населението е на чекор од глад, а Палестинците […]

Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за Рамиз Мерко за „аудито“


  Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Mерко за злоупотреба на службената положба според член 353 став 3 од Кривичниот законик. Обвинението е поднесено пред три дена во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението се однесува за контроверзната набавка на „аудито“ вредно 67.000 евра со што е […]

Људмила Навална се прости од синот Алексеј (Видео)


  Погребот на Алексеј Навални на гробиштата „Борисов“ на периферијата на Москва е во тек. Првата слика од неговото тело лежи во ковчег – се гледа само лицето додека телото покриено со цвеќиња – беше објавена од тимот на Навални на социјалните мрежи. На погребот пристигнаа неговите родители Анатолиј и Људмила Навални. 💔 Alexei Navalny's […]

„Немам ниту една стратешка грешка“: Пендаровски ја објави кандидатурата за втор мандат


  На два дена пред конгресот на СДСМ кога треба да се одлучува за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ја објави својата кандидатура за уште еден мандат како шеф на државата. Потпирајќи се на петте изминати години во кои како претседател не направил „ниту една стратешка грешка“. На прес-конференција во хотелот „Хилтон“ во Скопје Пендаровски неговата […]

Тошковски како Џафери: Влета во МТВ да спроведува ред за земањето пасоши


  Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, претпладнево неочекувано се појави во пунктот за издавање лични документи во МТВ заедно со повеќечлена придружба и ги постројуваше вработените пред граѓаните што чекаа, прекорувајќи зошто, наводно, работеле бавно.  „Зошто вратите се затворени“, „Зошто има гужва“ – им зборуваше Тошковски на молчаливите вработени, како што тоа неодамна […]

Масакр во Газа додека Палестинци чекаа храна и пукањето на израелски војници


  Израелските војници пукаа врз толпата Палестинци кои се тркаа да извлечат храна од хуманитарниот конвој во градот Газа во четвртокот, изјавија очевидци. Повеќе од 100 луѓе загинаа во хаосот, со што бројот на загинати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се искачи на повеќе од 30.000, според здравствените власти. Израел рече дека […]

Путин пак му се заканува на Западот со нуклеарна војна


  МОСКВА – Претседателот Владимир Путин во четвртокот им кажа на западните земји дека ризикуваат да предизвикаат нуклеарна војна доколку испратат војници да се борат во Украина, предупредувајќи дека Москва има оружје за да напаѓа цели на Запад. Војната во Украина ја предизвика најтешката криза во односите на Москва со Западот од Кубанската ракетна криза […]

Од петок нема гарантирани цени. Дали производителите и трговците ќе уфрлат „во четврта брзина“?


  Лебот, пекарските производи, пилешкото, јунешкото, свинското, млекото, сирењето, јајцата, овошјето, зеленчукот… од петок веќе нема да се продаваат со замрзнати цени, откако Владата одлучи да не ја продолжи мерката со која овие производи од септември лани се нудеа во маркетите со ознаката „гарантирана цена“. Дали завршувањето на овој речиси шестмесечен период во кој цените […]

Пензиите од 1 март ќе се зголемат за околу пет отсто


  Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски. Тој не сакаше тоа да го нарече зголемување, туку „статистичко дополнување“. На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, […]