Катедралата Дуомо во Милано повторно се отвора на 11 февруари


Познатата Миланска катедрала дуомо повторно ќе биде отворена за посетители на 11 февруари, соопшти денеска управата на катедралата.

Катедралата во центарот на Милано е затворена скоро една година, од почетокот на пандемијата.

Во првата фаза, овој симбол на Милано ќе биде отворен од понеделник до петок од 10 до 17 часот, а на посетителите им се препорачува да купуваат билети преку Интернет.