Каспаров до Западот: Го убедивте Путин дека нема да го спречите


Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, го повика светот да реагира додека цената за сопирањето на Владимир Путин не стане превисока.

Каспаров, кој по потекло е од СССР а живее надвор од Русија, изјави дека ова што го гледаме сега во Украина е веќе Трета светска војна.

-Путин јао започна одамна и Украина е само сегашниот фронт. Таа  ќе ескалира, а уште поверојатно  ќе се случи тоа ако успее да ја уништи Украина, бидејќи повторно го убедивте дека нема да го спречите – иако можете. Како што кажав во 2014 година и пред една кобна недела, цената на запирање на диктатор секогаш расте. Она што ќе беше доволно да го запре Путин пред 8 години или 6 месеци или 2 недели, денес не е доволно, а цената утре повторно ќе расте. Борете се. Најдете начин, реагираше Каспаров.