Капки за нос со витамин А може да помогнат за враќање на осетот за мирис


 

Капки за нос со витамин А може да помогнат при враќањето на осетот за мирис што го искусија повеќе заболени од Ковид-19, наведуваат британски научници, пренесе Би-би-си.

Универзитетот на Источна Англија ќе спроведува истражување во тек на 12 недели.

Само некои од волонтерите ќе добијат каки што содржат витамин А, а секој од нив ќе мора да мириса силни мириси, како што се расипани јајца или рози.

Сос нимање на мозокот ќе се проведува далу витаминот ги поправа расипаните олфакторни патишта.

Губење или промена на сетилото за мирис е вообичаен симптом на ковид-19, иако може да биде предизвикано и од други вируси, како грип.

И додека повеќето луѓе природно се враќаат на првобитната состојба по неколку недели, на многумина осетот им е трајно оштетен.

Лина Алнади (29) од Лондон развила параосмија по Ковид-19, што значи дека мирисиот на многу работи кај неа се променети.

„Осетот за мирис го земате здраво за готово. Ова драматично влијањеше на мојата прехрана“, вели таа.

Аитаминот А инаку помага во одржување на здравјето на имунолошкиот систем, видот, кожата и слузницата на некои делови од телото.

Сепак, поедници кои земаат додатоци во исхраната со витамин А треба да бидат свесни дека претерано внесување на овој витамин може да биде и штетно.