Канада ќе возврати „долар за долар“ на американската царина од 50 проценти за канадските производи
Канадскиот премиер Марк Карни вети дека ќе возврати „долар за долар“ на американските царини од 50% што ќе стапат на сила во среда, откако двете страни не успеаја да постигнат трговски договор до полноќ синоќа, кога истече рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Карни објасни дека САД се откажале од некои од своите претходни обврски во последен момент и поставиле нови барања во преговорите, што ја нарушило рамнотежата на одредбите од договорот договорен оваа недела.
Таквиот исход од преговорите носи расцеп во неодамнешните односи на Вашингтон со еден од неговите најблиски сојузници и трговски партнери.
„Борбената надворешна политика на американскиот претседател Доналд Трамп предизвика незадоволство кај официјалните лица во Отава“, пишува британскиот Гардијан.
Гардијан додава дека до вчера двете страни беа блиску до договор за намалување на царините за челик, алуминиум и автомобили, но тој обид пропадна во последен момент.