Камерон го надмина Нолан


„Аватар: Оган и пепел“ на Камерон, третиот филм од популарната епска франшиза, чија премиера беше на 19 јануари, достигнува нови историски височини. Филмот постигна уште една голема победа – официјално го надмина „Опенхајмер“ на Нолан во однос на заработката во кината „IMAX“, станувајќи еден од петте најдобри „IMAX формати“ на сите времиња во светот.

Според извештаите на светските медиуми, „Аватар: Оган и пепел“ заработил 184,1 милиони долари од проекциите на „IMAX“ за само четириесет и седум дена прикажување, со што ја надминал заработката на „Опенхајмер“ на Нолан од 184 милиони долари.

Многу критичари истакнуваат дека филмот е визуелно импресивен, со огромен буџет и квалитетна продукција, што се очекува од Камерон. Сепак, тоа не беше доволно за „Аватар 3“ да добие повеќе номинации во трката за Оскар, која ќе се одржи на 15 март во Лос Анџелес. „Аватар: Оган и пепел“ е првото продолжение од серијалот кое не е номинирано за најдобар филм. Филмската приказна за магичната Пандора и семејството Сали е во трка за две награди оваа година – за најдобар костим и за најдобри визуелни ефекти.

„Одисејата“ на Нолан се очекува премиерно да се прикаже на 17 јули, во кој главните улоги ги играат Мет Дејмон и Том Холанд, а битката меѓу двата филма „Титаници“ ќе продолжи. Нолан претходно изјави за странските медиуми дека го користел „IMAX форматот“ за да ја оживее епската приказна на Хомер во најимпресивна форма и дека сака да напише нова страница во историјата со овој филмски спектакл.

„Одисејата“ е снимен целосно со IMAX камери и е првиот филм продуциран на овој начин.