Како ќе изгледа Андреа на Евросонг- втора проба на сцената во Торино (видео)

Италија– Македонската евровизиска претставничка Андреа денес ја имаше втората техничка проба со целосна костимографија и шминка, на сцената на Пала Олимпико во Торино, годинава домаќин на Евросонг од 10-14 мај. Сценографијата за време на настапот на Андреа на 66. Евросонг е пулсирачка графика и драматично светло.
За потребите на 66-тото издание на Евровизија, домаќинот Rai на сцената постави кинетичко сонце инспирирано од италијанскиот народ.
Во Торино е и евровизиската македонската делегација (Мери Попова, Александра Јовановска, Александар Масевски и придружните вокали Ана Петановска и Рената Кралевска).
„Се надевав на добра проба, но ова е уште подобро. Сцената е огромна и пресреќна сум. Бескрајно сум благодарна за ова искуство“ – изјави таа на официјалната прес-конференција по првата проба.
„Едвај чекам да дојде 12-ти мај и да ви покажеме што имаме сработено. Ова е најпрекрасното искуство што го имам доживеано“ – со ентузијазам дополни Андреа.
Во првата полуфинална вечер на 10 мај ќе настапат претставниците на Албанија, Бугарија, Грција, Латвија, Швајцарија, Словенија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Еврменија, Австрија и Исланд.
Финалето е на 14 мај.
Италија го доби правото на настанот следната година кога Манескин и ја донесе првата победа на нивната земја од 1990 година со песната „Zitti e Buoni“ на ланскиот натпревар во мај во Ротердам.