Како изгледа жената со најголеми стапала на светот?


Изборот на вистинскиот модел на чевли за жените често претставува голема мака. Не само што не треба да создаваат плускавци, туку и висината на потпетицата да е соодветна, да има соодветно „пад“, да ја следи ширината на стапалото, да не е тесно, ниту широко… А како да изберете чевли ако сте сопственик на најголемите стапала во светот?

Колку е комплицирана оваа „работа“ знае и Англичанката Џули Фелтон, која купува исклучиво во машкиот оддел.

 

Џули Фелтон (53), жителка на малото британско гратче Елесмер, „се истакнува“ во секоја смисла. Англичанката која работи како фармацевт е висока 196 сантиметри, но за нејзина среќа има добра „темела“ да ја издржи таа висина. Џули носи чевли со број 50 и важи за жена со најголеми стапала во Европа – долги се нешто повеќе од 30 сантиметри.]\

 

Како што откри за британските медиуми, мора да купи патики и чизми во машкиот оддел, а ни таму нема гаранција дека ќе го најде својот број. Во април 2019 година, Џули се омажи за Стив Еванс, кој е пет сантиметри понизок од неа. Очекувано, подготовките за венчавката не поминаа глатко…

 

„Колку што знам, имам најголеми стапала меѓу жените во мојата земја и веројатно во светот. Се надевам дека некој знае каде можам да набавам венчални чевли во моја големина со потпетици. Како и секоја друга невеста, сакам да изгледам совршено од глава до пети“, рече тогаш Џули.

Инаку, оваа нетипична дама веќе има еден брак зад себе. За нејзината прва венчавка, која била пред 28 години, таа морала да нарача на чевлар да и ги изработи чевлите според нејзините мерки. Веднаш по церемонијата, таа ги обоила во практична црна боја.

Погледнете како изгледа Џули Фелтон…