Како изгледа суперѕвезда: Северина знае


 

Загреб – Северина, како една од водителите на хрватското шоу „Суперстар“ блесна како дива и држи модна лекција како треба да изгледа една ѕвезда. Пејачката од емисија во емисија привлекува внимание со своите комбинации, и добива само комплименти.

Хрватската и регионална поп-ѕвезда од самиот почеток на кариерата, покрај музичките хитови, потоа и со скандалите од приватниот живот, вниманието го привлекуваше и со автентичните модни избори. Таа знае да носи различни модни стилови и го комбинира неспоивото, а за нејзините модни комбинации често се зборува дека само таа може да ги „носи“.

Северина во најновите две епизоди од „Суперстар“ изгледаше гламурозно со црната креација на Ив Сен-Лоран, веќе видена на филмските ѕвезди на Филмскиот фестивал во Венеција и во виолетовата, по дизајн на стилистката на Северина, Катија Шимундиќ.

За црната креација, модната критика и најде само една маана- од длабокото деколте фустанот и паднал во сенка. 

„Јоргован фустан. Јас, душо, го носев кога отидов во Суперстар“, генијално напиша поп-ѕвездата во описот на објавата, под која веднаш почнаа да се слеваат комплименти за стајлингот на Северина.