Како го поминуваат времето вселенските туристи во услови на нулта гравитација (фото, видео)
Компјутерскиот инженер Крис Себроски (42) од првиот целосно цивилен екипаж за летање во орбитата околу Земјата влезе во историјата, бидејќи беше прикажан како свири укулеле во услови на нулта гравитација во капсулата на „Спејс икс“, со километри над површината на нашата планета.
Our crew chatted from space with the patients of @StJude! Watch the event here: https://t.co/LP6ZHOO8cq
Support St. Jude Children’s Research Hospital: https://t.co/wXT4XvHT2P pic.twitter.com/OyOtGNpEXE
— Inspiration4 (@inspiration4x) September 17, 2021
Семброски отсвире неколку акорди за гледачите кои го следеа преку „Јутјуб“ десетминутното емитување на четиричлениот екипаж за време на летот над Европа со брзина од околу 28.000 километри на час.
„Спејс икс“ е приватна компанија за производство на ракети и летови во вселената, чиј сопственик е основачот и директорот на „Тесла“, Илон Маск. Тој најави денеска се очекува враќање на екипажот на Земјата.
SpaceX’s first all-civilian crew appear in live video from orbit – featuring a ukulele performance https://t.co/T1RmW8DV3g
— ZAQS Tech News (@ZaqsTech) September 18, 2021
Се очекува капсулата со екипажот да се спушти во водите на Атлантикот кај брегот на Флорида околу полноќ по средноевропско време, објави компанијата.
Капсулата „Кру драгон“ беше лансирана со ракета од Флорида, а контролата на летот се наоѓа во предградието на Лос Анџелес.
Семброски не беше единствениот кој покажа како го поминува слободното време во бестежинска состојба. Геонаучникот и поранешен кандидат на НАСА за астронаут Сијан Проктор (51) покажа уметничко дело што го направи во орбитата-цртеж со фломастери што покажува полетување на капсула што ја носи змеј.
Хејли Арсенон (29), докторка во Детскиот истражувачки центар „Сент Џуд“ во Тенеси, каде порано се лечела од рак, се вртеше околу кабината за да ѝ го претстави на публиката чувството на бестежинска состојба.
Watch live as the @inspiration4x crew share an update from their multi-day journey orbiting Earth https://t.co/kWB5uoFfw5
— SpaceX (@SpaceX) September 17, 2021
Bell ringing from on-orbit! @NYSE 🔔🔔🔔 https://t.co/4YMgzWtJrR
— Inspiration4 (@inspiration4x) September 17, 2021