Како дојде до општата тепачка во Собранието на Србија? (Фото, Видео)
И власта и опозицијата носеа транспаренти со себе и се обвинуваа кој ѝ нанел повеќе штета на Србија
Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година денеска требаше да се најде на дневен ред на Собранието на Србија заедно со уште 50-ина точки, но расправата не се одржа, откако пратениците и дел од министрите физички се судрија. Обезбедувањето ги раздвои, а неколку пратеници го продолжија конфликтот. Претседателката на собранието, Ана Брнабиќ, го пригуши звукот за српската јавност да не може да слушне што се случува во собранието. Го вклучуваше тонот само кога сакаше да повика на мир и да продолжи седницата.
Брнабиќ даде пауза, па ѝ се обрати на јавноста, па влезе во собраниската сала и за неколку минути, опкружена со силно обезбедување и неколку пратеници од опозицијата, за само неколку минути прочита 68 точки од дневниот ред, како обединета дискусија, меѓу кои е расправата за буџетот за 2025 година.
Ги прочита сите предлог-закони, праша дали сака некој да зборува, одржа политички говор, ја затвори дискусијата и го напушти своето место. Гласањето допрва треба да биде закажано.
За сето тоа време претставниците на опозицијата свиреа и свиреа вувузели и извикуваа „убијци“. По седницата без дискусија, дел од опозицијата оценија дека денешната седница е „воведување банкрот во парламентарниот живот на Србија“, а дека „денешната седница е претворена во фарса“.
По влегувањето на членовите на владата на Србија и акцијата на опозицијата и контра акцијата на власта во вид на транспаренти, дојде до инцидент меѓу членови на владата и пратеници на владејачката коалицијата од една страна и членовите на опозицијата од друга страна.
По усвојувањето на дневниот ред, пратениците од опозицијата станаа држејќи транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“ и „Корупцијата убива“, а пратениците од власта стоеја со транспаренти „Жолти ѓубриња и корупцијата ви е средното име“.
По фрлањето и скандирањата кои дојдоа од двете страни, пратениците се симнаа од собраниските клупи, по што следеше кошкање.
Конфликтот се случил и на балконот, каде што претставниците на власта закачија транспарент на кој пишуваше дека „жолтите арамии“ сакаат граѓанска војна, а Србија – работа.
Откако ситуацијата накратко се смири, неколку опозиционери дуваа во вувузели, и покрај тоа претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, му даде збор на премиерот Милош Вучевиќ. Притоа, пратениците од опозицијата со свирежи се појавија кај претставниците на бладата на Србија, а пратениците на Зелено-левиот фронт развиорија транспарент со крвав отпечаток од раката.
Како одговор, членовите на Владата пред малку го развирија транспарентот кој беше на балконот, а повторно дојде до физички конфликт кога владејачките се обидоа да го одземат транспарентот на опозицијата.