Како да направите детокс на организмот по празниците?
Детокс е секогаш популарна тема во зимските денови, особено по новогодишните и божиќните празници. Вистински детокс на вашето тело, прават внатрешните органи, но постојат начини да им се помогне.
Празниците се време кога многумина конзумираат калорична храна која тешко се преработува. Затоа детокс темата секогаш е популарна ова време. За детокс нема официјални истражувања, но долгорошно усвојување здрави навики секако имаат разни бенефити за нашиот организам.
Црниот дроб е задолжен за најголемиот дел од процесите, со помош на кој се отсрануваат штетните состојки од организмот, но и оаметниот избор на намирници може да помогне. Затоа, не е лошо да се познаваат начините со чија помош дополнително може да ги подобрите или забрзате процесите внатре во своето тело и на тој начин да го „исчистите“ својот организам.
Со пиење вода и незасладени чаеви ќе му помогнете на организмот да ги изфрли токсините, но тоа не значи дека треба да претерате со внесување течности. Исто така, разни смудија ќе ви помогнат да внесете доволно витамини и минерали неопходни за подобра работа на организмот.
Внесувајте повеќе зеленчук и овошје во нивниот природен облик. Зеленчукот и овошјето се богати со влакна кои ги собираат штетните состојки во вашиот организам и помагаат во слабеење. Доколку сакате да постигнете калориски дефицит, се препорачува да внесувате и до половина килограм зеленчук дневно.
Јадете нискокалорични варива и супи богати со билни протеини. Варивата и супите се одличен избор за лицата кои тешко одржуваат ситост. Тие имаат голем волумен поради големата количина вода, па се одличен начин да внесете малку калории. Освен тоа. намалете го внесот на бели печива, а додадете на зеленчук.
И на крај, избегнувајте рафинирани шеќери и пецива од бело брашно, што е почесто можно, затоа што е општо познато дека не се најдобар избор за нашиот организам. Постојат разни, позрдави верзии кои може да го заменат рафинираниот бел шеќер, како што се мед и урми, а разните интегрални брашна и семки може да го заменат белото брашно.