Како Британија ја надмудри ЕУ околу вакцините?


Британските власти на компанијата „АстраЗенека“ ѝ дадоа дозвла за користење на домашни производни капацитети за производство на 717.000 дози вакцина наменети за Австралија, пишува Телеграф.

„АстраЗенека“ во февруари и март, кога ЕУ бараше од Велика Британија дел од своите дози да ги насочи кон Европа за да се надокнади заостатокот во снабдувањето, место во ЕУ, изпорача најмалку две пратки во Австралија.

Покрај тоа што преговорите меѓу мезјите се спроведуваа во тајност, новинарите на „Телеграф“ дознаа дека на почетокот на оваа година „АстраЗенека“ доби дозвола за извоз во Австралија, со тоа за возврат Британија доби пристап до 10 милиони дози вакцини кои ги произведе Индискиот институт за серум, кој произведува вакцини за компаијата „АстраЗенека“.

Веќе примија 5 милиони дози од Индија

Според договорот меѓу Велика Британија и „АстраЗенека“, овој договор беше легален затоа што спогодбата овозможува на комапнијата да ги надокнади сите недостатоци во своето домашно производство со набавка на дози од други странски погони/

Овој договор покажува и дека Австралија обезбеди порано снабдување со вакцини, додека Британија продолжува да прима потребен број дози за да ги исполни своите цели. Тоа не го промени вкупниот број дози кои Велика Британија требаше да ги добие од „АстраЗенека“, кој и понатаму изнесува 100 милиони.

Велика Британија во март прими 5 милиони дози од Индија, иако сега е прашање дали индиските власти ќе сакаат да го пратат остатокот во време кога дневно бележат по 350.000 нови инфекции. Останува нејасно и дали Австралија е единствена земја која има корсит од таков договор.

Велика Британија од повеќе фармацевтски компании нарача 517 милиони дози вакцини против Ковид-19, што е доволно два и пол пати да го вакцинира населението со три дози.

Можно понатамошно заладување на односите со ЕУ

Првите информации за британскиот договор со Австралија се појавија околу 8 април, кога „Сиднеј морнинг хералд“ извести дека во Австралија стигнале 717.000 дози произведени во Велика Британија.

Орвата серија од 300.000 стигнала на 28 февруари, неколку недели откако Европската комисија усвои ограничувања на извоз на вакцините проиведени во ЕУ. Втората пристигна откако Брисел официјално го блокира барањето на „АстраЗенека“ за испорака на 250.000 дози во Австралија од Италија.

Оваа спогодба може дополнително да ја разлути ЕУ која веќе сега ја тужи „АстраЗенека“ за кршење на испораката на вакцини.

„АстраЗенека“ одби да ги коментира наводите на „Телеграф“.

„Поединостите од кој и да е комерцијален договор за снабдување со вакцини меѓу националните влади и „АстраЗенека“ се деловна тајна“, рече портпаролот на владата.