Каја Калас и делегација министри од ЕУ пристигнаа во Киев на годишнината од трагедијата во Буча
Киев – Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, истакна дека силното европско присуство испраќа порака дека правдата за „руските злосторства мора да биде остварена“.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, пристигна во Киев со делегација министри од ЕУ за да им оддаде почит на жртвите од руските напади во Буча.
„Толку силно европско присуство на денешниот ден покажува дека правдата за ова и за другите руски злосторства е неизбежна. Целосната одговорност за руските злосторства е од витално значење за обнова на правдата во Европа. И денес ќе ги продолжиме нашите напори за изведување на одговорните пред лицето на правдата“, наведе украинскиот министер за надворешни работи.
Калас нагласи дека завршувањето на војната во Украина бара отстапки од Русија и координиран притисок од САД и Европа.
„Убаво е да се биде денес во Киев со европските министри за надворешни работи. Секоја посета е силен потсетник на храброста и отпорноста на Украина. Европа е со вас. Ќе продолжиме да даваме воена, финансиска, енергетска и хуманитарна поддршка. И ќе сториме сè што можеме за да обезбедиме целосна одговорност за злосторствата на Русија“, наведе Калас на X.
Трупите под команда на Кремљ ја окупираа Буча на 31 март, неколку седмици откако упаднаа во Украина, и останаа во тој град околу еден месец. Киев тврди дека руските сили го држеле градот 33 дена и дека за тоа време биле убиени 1.400 луѓе, вклучувајќи 37 деца.