„Кадифена магија“ – предновогодишен концерт на Зарина Првасевда во Филхармонија
Зарина Првасевда, со својот величествен, небесен глас ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември 2025 година, во 19, 30 часот, во Македонската филхармонија.
На концертот Зарина Првасевда ќе го претстави својот проект насловен „КАДИФЕНО“, а за дополнителната магија на вечерта ќе се погрижат врвни музичари. За прв пат во Скопје пристигнува еден од најголемите мајстори на фретлес-гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган, како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, уметници чија маестралност го освојува светот. На сцената ќе им се придружат и врвните македонски музичари Андреа Мирчевска и Тони Арслан, создавајќи единствено, кадифено и длабоко музичко доживување.
„Во деновите кога годината тивко се затвора зад нас, почувствував силна желба да создадам едно КАДИФЕНО место — меко, топло, свилено по чувство — каде што сите заедно ќе здивнеме, ќе се стоплиме, ќе заокружиме сè што веќе не ни служи, а од убавото ќе понесеме искри за во новата година. Место каде што музиката ќе ни ги отвори срцата — нежно, искрено, човечки, изјави по повод концертот, Првасевда.
Картите од денес се во продажба.Влезниците за овој несекојдневен настан се веќе во продажба преку продажната мрежа на: Drugastrana.mk на овој линк https://drugastrana.mk/event/kadifeno/