Каде летуваат богатите: Нема поубаво од Јадранско море
Црна Гора/ Хрватска – Бил Гејтс, вториот најбогат човек во светот и основач на „Мајкрософт“ и Аманцио Ортега, шестиот најбогат во светот и прв во модната индустрија, и сопственик на компанијата „Индитекс“ летово со своите суперлуксузни јахти крстарат по Јадранското море.
Гејтс, со семејството и под силно обезбедување со телохранители и со хеликоптер, уживал во убавините на Тиват, во хотелот „Риџент“-дел од луксузниот комплекс „Порто Монтенегро“ а бил и на рафтинг по реката Тара. Веќе неколку години милијардерот го избира Тиват за место каде ги полни батериите.
И британскиот политичар, лидер на партијата за Брегзит, Најџел Фараж е забележан во „Порто Монтенегро“ додека пиел шампањ, пренесува „Дејли Мирор“.
Најџел Фараж годинава ја покрена партијата за Брегзит. Од 1999 дгоина тој е и член на Европскиот парламент за југоисточна Англија.
Ортега, чија компанија ги покрива брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“.. со сопругата и пријателите се укотвил на островот Хвар.
Неговата мегајахта „Дризил“ чини 80 милиони долари, а шпанскиот милијардер без многу телохранители прошетал по Хвар и уживал во неговите морски специјалитети.
Хрватска летово беше избор и за актерот Силвестер Сталоне, и за Салма Хајек каде таму снимаше филм заедно со актерите Рајан Рејнолдс, Семјуел Џексон и Овен Вилсон.