Кабина од жичница падна во провалија – има мртви и повредени, се трага по уште 11 (видео)


Во Италија дошло до несреќа кога кабелот на жичарницата Монте Фаито во Кастеламаре ди Стабија, во близина на Неапол, денеска се откачил од системот и една од двете кабини паднала во провалија.

Според порталот Corriere della Sera, во кабината имало пет лица – четворица патници и операторот на жичарницата. Загинаа четири лица, а потрагата по петтото е во тек.

Горната станица на жичарницата е тешко забележлива поради маглата. Пожарникарите се обидуваат да стигнат до кабината.

Во долната кабина се наоѓале уште 11 лица. По дефектот биле спасени од пожарникари кои со помош на јажиња и сигурносни појаси ги спуштиле на земја. Меѓу нив нема повредени. Жичарницата Фаито им овозможува на патниците да стигнат до врвот на планината за осум минути, почнувајќи од станицата Circumvesuviana.

Во прекин се и железничките линии меѓу Пиопаин и Соренто бидејќи жичарницата паднала на шините.