Јужнокорејски остров обои град во виолетово за да привлече туристи
Жителите на Банвол во Кужна Кореја сакаа да се истакнат во однос на другите туристички дестинации за да привлечат повеќе гости, па смислија необично решение.
Банвол е трансформиран во виолетов рај така што речиси се е обоено во виолетова боја, од куќите до знаменитостите.
Бојата е инспирирана од локално цвеќе, а со неа се боени телефоснките говорници, мостови и друго. Банвол стана познат како „виолетов остров“ и навистина стана популарна туристичка дестинација во Јужна Кореја.
За да го направи уште поубав, владата засади полиња со лаванда и диви љубичици.
Банвол, исто така, доби и нов хотел, кафуле, ресторан и дуќан за изнајмување велосипеди. Меѓу јуни и август минатата година ова место го посетија 100.000 луѓе покрај пандемијата од корона вирус, што е за 20 отсто повеќе од 2019 година.