Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив и здрав

Здравјето на Ким Џонг Ун стана тема во светските медиуми кога не се појави на 15-ти април за да го прослави роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека тврдењата во медиумите дека Ким е сериозно болен не се потврдени, но не кажа дали бил во контакт со претставници на Пјонгјанг.