Јужна Кореја ги доби првите панди близнаци
Женка џиновска панда во вторникот роди близнаци, што е прв таков случај во Јужна Кореја.
Младенчињата се женки и се родени со разлика од неколку часа. Малите панди тежат по 180 грама. Тие се родени од мајката на Ал Бао, која живее во тематскиот парк „Еверленд“. Според надлежните од паркот, породувањето поминало без проблеми и мајката е добро. „Еверленд“ се наоѓа во близина на Сеул.
„Ова е одлична можност да се повика на подобра заштита и зачувување на пандите, кои станаа симбол за загрозен вид“, рече шефот на зоолошкиот парк Донхи Чунг.
Помеѓу 40 и 50 проценти од раѓањата на панди резултираат со близнаци.
Кина испраќа панди во други земји како „амбасадори на добра волја“ од 1950-тите, а оваа традиција е позната и како „панда дипломатија“.
Близнаците пристигнаа речиси три години откако Фу Бао, првата панда родена во Јужна Кореја, беше родена од исти родители, Аи Бао и Ле Бао.