Јуроњуз: Азербејџанскиот авион бил погоден со руска ракета
Според извори од азербајџанската истрага авионот бил погоден од шрапнели на системот „Панцир-С“ чии ракети гаѓале дронови над Грозни во Чеченија
Извори од азербејџанската влада ексклузивно потврдија за Јуроњуз во четвртокот дека руска ракета земја-воздух ја предизвикала авионската несреќа на „Азербејџан ерлајнс“ во Актау, Казахстан, во средата.
38 патници загинаа откако летот 8432 на „Азербејџан ерлајнс“ се урна при обид за принудно слетување во близина на градот Актау.
Според изворите, проектилот бил истрелан кон летот 8432 за време на воздушната активност на беспилотни летала над Грозни, а шрапнелите ги погодиле патниците и екипажот во кабината додека експлодирал покрај авионот при лет.
Владини извори изјавија за Еуроњуз дека на оштетениот авион не му било дозволено да слета на ниту еден руски аеродром и покрај барањата на пилотите за итно слетување, и му било наредено да прелета преку Каспиското Море кон Актау во Казахстан.
Според податоците, GPS навигациските системи на авионот биле заглавени низ патеката на летот над морето.
Ракетата била истрелана од систем за противвоздушна одбрана „Панцир-С“, објави меѓународниот медиум „Ањуз“ со седиште во Баку, цитирајќи извори од азербејџанската влада.
Според руски извори, во моментот кога летот на „Азербејџан ерлајнс“ минувал над територијата на Чеченија, руските сили за воздушна одбрана активно се обидувале да соборат украински беспилотни летала.
Шефот на Советот за безбедност на Чеченската Република, Хамзат Кадиров, потврди дека во средата наутро се случил напад со дрон на Грозни, истакнувајќи дека нема жртви или материјална штета.
Доколку се потврдат овие прелиминарни податоци, ова ќе биде втор пат во една деценија руските сили да уништат комерцијален авион по падот на MH17 во Украина. Овој пат меѓу жртвите се и граѓани на Русија, како и оние од соседните земји.
Несреќата исто така потсетува на претходен инцидент од ноември 2018 година, кога „Ембраер 190“ на „Ер Астана“ ја загуби хидрауликата над Португалија, но со помош на португалските воздухопловни сили безбедно слета.
Понатамошната истрага за несреќата во средата се очекува да ги открие околностите околу истрелувањето на проектилот, неовластувањето за слетување на блискиот аеродром во Русија и инструкцијата да се премине морето со оштетен авион.