Јункер и Туск ќе добијат отпремнина половина милион евра
ЕУ е обвинета за „неприфатлива алчност“ по извештајот дека Жан-Клод Јункер и Доналд Туск ќе добијат околу 500.000 евра по истекот на мандатите оваа година.
Како што пишува весникот „Дејли мејл“, Туск како претседател на Европската комисија ќе добие 323.276 евра врз основа на „преодна заработувачка“, а Јункер, кој е актуелен претседател на Европскиот совет, наводно ќе добие 161.621 евро.
На Јункер му следува помал износ бидејќи ќе биде пред пензионирање на половина од двегодишниот период на исплата, откако ќе наполни 66 години во декември 2020 година.