„Јунајтед ерлајнс“ праќа 2.850 пилоти на принуден одмор
Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека оваа есен ќе испрати до 2.850 пилоти на принуден одмор, освен ако американската Влада не им обезбеди поголема помош на авиокомпаниите за покривање на деловните трошоци за време на падот поради пандемијата.
Јунајтед ќе испрати повеќе пилоти на одмор од Делта ерлајнс, кој планира принуден одмор за 1.941 пилоти, додека „Американ ерлајнс“ најави отказ за 1.600 вработени.
„Јунајтед ерлајнс“, со седиште во Чикаго, ги известил пилотите дека во следните неколку по пошта ќе испрати решенија за принуден одмор, кои ќе стапат во сила меѓу 1 октомври и 30 ноември.