Јубилеен концерт на Љубојна на 29 март во Филхармонија


Љубојна, една од најавтентичните македонски музички групи, оваа година прославува 25 години постоење и ја започнува 2026-та со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје за одбележување на четврт век творештво во својот препознатлив манир кој ја позиционира групата во еден од водечките музички брендови на Македонија. Јубилејниот концерт на Љубојна ќе се одржи на 29 март во 20 часот, во Големата сала на Филхармонија.

Музиката на Љубојна е спој на сите експресивни и елегични чувства и звуци на радост, тага, еуфорија, интензивност, чилаут, поп, страст, фанк, соул, фолк, ориентал, стомачен танц, џез, ортодокс-гламур…

Влезниците за концертот се достапни онлајн и во продажната мрежа на МкТикетс.