Јавноста воодушевена од припиениот златен фустан на Меган Маркл


Меган Маркл шармираше со своето неочекувано пристигнување на доделувањето на наградите „Women of Vision“ во Њујорк, а се појави во придружба на принцот Хари.

Војвотката покажа малку повеќе тело во златен фустан дизајниран од Џоана Ортиз, кој чини 1.850 долари. Златниот миди фустан имаше мал отвор со дијаманти и шлиц до колена.

Својата модна комбинација ја заокружи со златни Том Форд потпетици вредни 1.350 долари и златен накит. Маркл избрала едноставна шминка, а косата ја обликувала во опуштени бранови и ја зафатила на едната страна.
Хари за оваа пригода носеше класичен црн костум, а цела вечер ја задржа насмевката на лицето.

Инаку, изминативе неколку дена се шпекулираше дека Меган е повторно бремена, но судејќи по најновите фотографии и фигура, изгледа дека не е.