Јавниот долг на Хрватска во јули 43,15 милјарди евра, за 11 отсто поголем со крајот на 2019 година


На крајот на јули 2020 година, јавниот долг на Хрватска изнесува 325,4 милијарди куни (околу 43,15 милијарди евра) и е зголемен за 11,1 проценти во споредба со крајот на 2019 година, покажуваат најновите податоци на Хрватската народна банка.

Во споредба со јуни, долгот е помал за 4,2 милијарди куни (приближно 557 милиони евра) или 1,3 проценти, јави Хина.

Зголемувањето на јавниот долг е резултат на одговор на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, која ги зголеми државните потреби за финансирање поради нагло опаѓање на приходите во буџетот, предизвикани од неповолните економски трендови и финансирање на економски мерки за ублажување на кризата во рамките на владината програма за поддршка на вработувањето, велат аналитичари на Рајфајзен банка Австрија.

Според нив, фискалната слика на Хрватска оваа година ќе биде значително оштетена со растот на јавниот долг и враќањето на фискалниот биланс во негативната област, па со економскиот пад, учеството на јавниот долг во БДП ќе се врати на ниво над 85 проценти, последен пат регистрирано во 2016 година.