Јапонски милијардер бара осум луѓе за патување на Месечината


 

Јапонскиот милијардер Јусака Меѕава повика осум луше да му се придружат на патување околу Месечината на летот на „Спејс икс“.

„Сакам да ми с епридружат луѓе од различно потекло“, рече тој во видео прикачено на Твитер, каде ги упати заинтересираните во сите детали од патувањето.

Тој ќе го плати патувањето за сите, а оние кои ќе сакаат да му се придружат ќе патуваат бесплатно. Мисијата наречена dearMoon треба да се случаи во 2023 година.

Кандидатите треба да исполнат два критериума, треба да напредуваат „во која и да е активност“ со која се занимаваат за да „им помогнат на другите луѓе и на некој начин на општеството воопшто“ и да се подготвени да ги поддршат другите членови на посадата кои имаат слични размислувања,

Маеѕава, кој е моден могул и колекционер на уметност, порано рече дека ќе бара уметници да му се придружат на патувањето до ракетата „Старшип“, но прилагодениот проект ќе им помогне на луѓето од цел свет да се придружат на ова патување.

Маеѕава е именуван за прв приватен патник кого „Спејс икс“, компанијата во сопственост на Елон Маск, планира да го прати на патување околу Месечината.

Цената на билетите не е соопштена, но според Маск, таа е висока. Патувањето е планирано за 2023 година, а ќе биде прво лунарно патување со луѓе од 1972 година.