Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента долга 500 километри за транспорт на товар
Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента во должина од 500 километри меѓу Токио и Осака за транспорт на товар.
Ќе може да превезува количество товар еднакво на количеството товар што го превезуваат 25.000 камиони секој ден. Тоа ќе донесе три главни придобивки.
Првата е дека ќе се намали сообраќајниот метеж, втората е дека ќе се намали емисијата на штетни материи во сообраќајот и ќе се ублажи недостигот на работна сила, што е се поизразен проблем како што старее јапонското население. Имено, според податоците на Светска банка, оваа земја пред 30 години имала 87 милиони работоспособни жители, а сега има 73 милиони работоспособни жители.
Овие негативни трендови се предизвик за јапонската логистичка индустрија. Една од последиците на овие трендови е недостатокот на професионални возачи. Се проценува дека изградбата на подземната подвижна лента ќе чини 23 милијарди долари и дека оваа подвижна лента ќе биде во функција од 2034 година.
Но, Јапонија не е единствената земја која има намера да направи вакво нешто. Швајцарија исто така планира да изгради подземен транспортен тунел долг 500 километри. Тунелот ќе биде 80 метри под површината на земјата и ќе има подвижни ленти кои ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија. Со тоа за 80 отсто ќе се намали емисијата на штетни материи во сообраќајот. Овој тунел ќе го скрати времето на транспорт на карго, но возилата сепак ќе бидат потребни во последната фаза од транспортот.