Јанша ја повика ЕУ да и понуди на Украина перспектива за членство
Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја осуди одлуката на Русија да ги признае самопрогласените републики во Доњецк и Луганск и ја повика Европската унија да и понуди на Украина перспектива за полноправно членство.
„ Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, од договорoт во Будимпешта. Словенија го осудува овој нелегален чекор. ЕУ треба да ѝ понуди на Украина перспектива за полноправно членство“ напиша Јанша на Твитер.