Јадете почесто храна богата со колаген за да го вратите часовникот назад
Нашето тело природно произведува колаген, но штом ќе ги поминеме 20-тите, неговото производство се намалува и во нашите 60-ти имаме 50 проценти помалку колаген од количината што ја имавме во 20-тите.
Бавното производство на колаген е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто зглобовите не болат и косата ни се проретчува. Колагенот е најзастапениот вид на протеин во телото, кој сочинува дури 30 проценти од вкупната количина на протеини во телото. Се наоѓа низ целото тело, вклучувајќи ги мускулите, коските, косата, кожата и ноктите.
Во телото има околу 40 различни видови колаген, а колагенот тип 1 е најзастапен и е важен дел од нашата кожа, коски и мускули, пишува на страниците на „Харвард Хелт“. Колагенот ќе ја направи нашата кожа мазна и ќе изгледа младешки. Суплементите кои содржат колаген ја зајакнуваат кожата и на тој начин ја спречуваат појавата на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми нејзината еластичност и ќе ги намали штетите предизвикани од изложувањето на сончевите зраци.
За жените над 50 години, зајакнувањето на производството на колаген често значи избор на некои нови намирници кои се богати со витамини и минерали. Тие можат да помогнат да се подобри производството на колаген и еластин, компоненти кои ќе направат кожата да изгледа младешки, но и ќе ги заштити нашите коски и варење, како и здравјето на срцето.
Нутриционистката Меган Вонг, која е специјалист за исхрана за хронични болести, нуди совети за тоа кои три намирници треба да ги јадат жените на возраст од 50 и повеќе години за да уживаат во младешка кожа и целокупно здравје.
Сардини
Не е вообичаено да се јаде кожата и коските на лососот и туната, а Вонг нагласува дека тие се најбогат извор на колаген. Затоа ги посочува сардините како најдобра риба, бидејќи ги јадеме цели, а токму на тој начин ќе го зголемиме внесувањето на колаген во организмот. Сардините се полни со калциум, витамин Д и омега 3 масни киселини, а сето тоа ќе има ефект врз здравјето на коските, според Вонг.
„Бидејќи има забрзано губење на коскената маса во менопаузата, дури и до 20 проценти, важно е жените над 50 години да се грижат не само за убавиот изглед на кожата, туку и за здравјето на коските“, вели таа.
Грав
И додека не постои колаген од растително потекло, бидејќи тој доаѓа од производи од животинско потекло, телото ќе го произведува самостојно и ќе го стимулира неговото производство доколку му се понудат вистинските производи, според Вонг.
„Гравот“ е одличен извор на две состојки кои го стимулираат градењето на колаген, а тоа се цинкот и пролинот. Пролинот ќе ја поддржи стабилноста на колагенот, додека цинкот ќе го забави неговото пропаѓање.
Јачмен
Следниот пат кога ќе посегнете по ориз, размислете за јачменот бидејќи тоа е поздрав избор. Јачменот содржи минерал кој ќе ги активира ензимите вклучени во производството на колаген, за кои е докажано дека помагаат во обновувањето на еластичноста на кожата и ја намалуваат видливоста на брчките. Јачменот е храна богата со растворливи влакна кои ќе помогнат во контролата на шеќерот и холестеролот во крвта. Кремите и серумите се одлична помош, но исхраната богата со храна која го стимулира производството на колаген е секако најдобриот начин за одржување на младоста и здравата кожа.
Погледнете го новиот производ на Алкалоид Collaccare