Ја украле бистата со ликот на нејзиниот вујко од гробиштата Бутел


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, Е.С.(45) од Скопје пријавила дека во периодот од септември 2024 до 29.07.2025 од гробно место на Градските гробишта Бутел, била одземена биста со лик на нејзиниот починат вујко.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од полицијата.