Ја купила од Џастин Бибер, сега ја продава за 19 милиони долари: Клои Кардашијан се сели во поголема куќа
САД- Клои Кардашијан се сели со ќеркичката Тру во поголема куќа и го продава досегашниот дом во медитерански стил за 19 милиони долари. Луксузната куќа, целосно приватна, освен ако не сте во хелихоптер, беше на насловницата на специјализираното списание Architectural Digest во 2016 година што говори за нејзината убавина, архитектура и ентериер. Куќата е лоцирана во Калабасас, има 11 илјади метри квадратни и е неколку пати реновирана по вкус на Клои.
Клои ја купила куќата од поп-ѕвездата Џастин Бибер во 2014 година, а тој од поранешната сопруга на Еди Марфи, Никол Марфи, која го добила домот во нивниот развод.